X
 27.02.2018 Наука

Археолозите пронашле скриени гробници во Египет стари 2.000 години

grobnica
Фото: iStock

Археолозите во Египет имаат возбудливо откритие од претходно непозната некропола, недопрена со милениуми.

Повеќе од 2.000 години стари, гробиштата датираат од фараонскиот краен период од Птолемајската династија и содржат најмалку 8 гроба, секој со неколку саркофази.

Лоциран јужно од Каиро, новооткриениот подземен комплекс за гробници е само шест километри од хмунската некропола Туна ел-Гебел. Комплексот има голем број погребни шахти, а внатре се наоѓаат неколку семејни гробници што научниците допрва ќе ги истражуваат.

„Ќе ни бидат потребни најмалку пет години за истражување на некрополата. Ова е само почеток на новото откритие“, вели Кале ел-Енани, кој работи на анализа на некрополи.

Ископувањето почнало кон крајот на минатата година, а е предводено од Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети. Тимот го барал непокриениот дел од гробиштата на 15. дивизија на древниот горен Египет.

Особено внимание им привлекол гробот на првосвештеникот на Тот, древниот египетски бог на мудроста, арбитражата, пишувањето, науката, магијата и пресудата на мртвите.

Идентификуван од хиероглифите во гробот како Џеути-Ирди-Ес, свештеникот ја добил титулата „еден од најголемите пет“, за највисоките свештеници на Тот. Тимот пронашол уште 1.000 ушатби фигурини - стаклени фигури на слуги и следбеници во египетските гробови за да го придружуваат починатиот во задгробниот живот.

Самата мумија покажува висок ранг, украсена е со бронзена јака што ја опишува божицата Нат, ширејќи ги нејзините крилја за заштита во задгробниот живот. На мумијата биле пронајдени и сини и црвени зрнца од скапоцен камен, листови од бронза, две бронзени очи украсени со слонова коска и кристал и четири амулети од полускапоцени камења.

Во гробот имало 13 погреби. Другата гробница била семејна група. Биле откопани вкупно 40 саркофази од 8 гроба пронајдени во комплексот. Уште колку има, останува да се види, но откритието е спектакуларно.

Министерството се надева дека континуираните откритија ќе помогнат во зајакнувањето на туризмот во Египет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука