Сме возеле велосипедски тури во изминативе три години низ цела Македонија, но
Алшар е нешто посебно. Прекрасната природа, планинските врвови, патеката зачинети со кал
која даваше посебен „филинг“ на возењето направи да се чуствуваме како да сме во
Швајцарија. Ваква организација на настанот - Македонија се уште нема доживеано. Со еден
збор Живко Гурев, Бојан Маринковиќ, Иван Боев, Лазе, Иле Мајсторот, и сите останати, е
една од реакциите на учесниците
„И јас го допрев Сонцето“, „Браво“, „Секоја чест“, „Одлична организација, „Ни дозволија
таму каде што не е дозволено“... Ова се само дел од реакциите на учесниците на годинашната
велоспиедска и пешачка тура „Алшар 2016“ која викендов се одржа на планината Кожув, а ја
организира Здружението „Тиквешки точакџии“. Мотото на првата тура беше „АлШар 2016 -
Допри го сонцето, откриј ја тајната за почетокот на светот“, траеше два дена и се одрѓа под
отворено небо.
Фото: Горан Камчев
- Според тоа што се случи, можам да кажам дека настанот помина добро, а особено во
организациониот дел, во делот на безбедноста и во делот на посетеноста - вели скромно
Живко Гурев, еден „точакџиите“.
За разлика од неговите зборови, на социјалните мрежи нема учесник кој штеди епитети за се
што се случи викедов на Кожув.
- Сме возеле велосипедски тури во изминативе три години низ цела Македонија, но Алшар е
нешто посебно. Прекрасната природа, планинските врвови, патеката зачинети со кал која
даваше посебен „филинг“ на возењето направи да се чуствуваме како да сме во Швајцарија.
Ваква организација на настанот - Македонија се уште нема доживеано. Со еден збор Живко
Гурев, Бојан Маринковиќ, Иван Боев Лазе, Иле Мајсторот, и сите останати - имате едно
големо браво и благодариме за незаборавниот викенд кој долго ќе се прераскажува. Поздрав -
вели потпишаниот Гоце Фуџи.
И најмалите дел од #АлШар2016
Живко Гурев од името на сите „Тиквешки точакџии“ изразува огромна благодарност до сите,
како на спонзорите, така и на сите други кои на кој било друг начин помогнале во
реализацијата на овој настан.
- Особено би изразил посебно огромна благодарност до Општина Кавадарци и
градоначалникот Александар Панов, компанијата „Кожувчанка“ и Г-дин Митко Јанчев, кои
безрезервно, како финансиски, така и со техничка помош придонесоа целиот настан да биде
нешто што ќе се памети и нешто што се нема случено на овие простори. Исто така голема
благодарност и до „Слога“ од Кавадарци, на чело со Г-дин Ласко Јованов и Г-дин Горан
Јованов, кои покрај финансиската помош, се и директно вклучени во сите теренски работи
како активни велосипедисти, „Инсиг осигурување“, „Бадев“, „Инел“, „Сам вел“ и сите
останати, без кои сигурно не би се реализирал „АлШар 2016“ онака како што се реализира и
за кои се надеваме дека ќе премине во традиционален настан.
Според зборовите на сите
учесници, сметам дека имаше многу позитивни реакции, имаше и неколку критики, кои само
ќе ни бидат коректор и ќе ни дадат поголем мотив за да во иднина се потрудиме колку е
можно сите ненамерни грешки да се сведат на минимум. Во делот на посетеноста, и ние, а и
сите присутни, бевме изненадени од бројот на посетители, бидејќи ги надмина сите наши
очекувања - вели Гурев.
Повеќе фотографии на ОВОЈ ЛИНК