X
 16.06.2016 Образование

Промовирани нови 280 инженери и магистри на ФЕИТ

Факултетот за електротехника и информациски технологии, вчеравечер, промовираше нови 280 дипломирани инженери и магистри во учебната 2015/16 година.



Во своето обраќање пред дипломците и магистрите, деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски, рече: „Пред четири години, ја почнавте етапата од вашиот живот што се нарекува високо образование. Бевте исправени пред непознатото. Предизвик кој сакавте да го премостите, иако во тој момент, не знаевте како. Сепак, бевте храбри и тргнавте на патот кон успехот. Поминавте низ непознати лавиринти , се движевте угоре или удолу по синусоидата на студентскиот живот, се дружевте со познати, запознававте нови. Во таа синергија на различни точки ги одбиравте оние кои го градеа вашиот мозаик на успешен факултетски живот“.

Станковски говореше и за својот почеток како декан на ФЕИТ, пред 8 години, кога имал идеја, визија и мисија за оваа високо-образовна институција.

„Пред 8 години, и јас бев на почеток на предизвикот наречен Прв човек на ФЕИТ. Имав идеја, имав визија, имав мисија. И заедно со мојот тим, на кој од сé срце сакам да му се заблагодарам, тргнавме во исполнување на замисленото. Храбро, како и Вие, почнавме со реализација на идеи, со исполнување на она што сме го ветиле, со корекции таму каде што беа неопходни, со креирање на новости таму каде што ги немаше.Осум години потоа, гордо, токму од оваа говорница, пред Вас, сакам да ја искажам мојата огромна среќа и радост што она што пред осум години беше сон, денес е реалност“, рече Станковски.

Тој посака идното раководство на ФЕИТ да продолжи по патеката на квалитетното образование, воведувајќи нови форми на учење и критериуми за оценувања во насока на создавање елита која ќе ги гради ФЕИТ како Дом на знаењето, но и Македонија и светот.

ФЕИТ постои 57 години и досега, низ процесот на образование, создал повеќе од 10.000 инженери, над 1000 магистри и повеќе од 130 доктори на науки. На промоцијата на 53-тата генерација, која се одржа во Македонскиот Народен Театар, присуствуваа проректорот на УКИМ, професор Влатко Стоилков, деканот на Медицинскиот факлутет и кандидат за ректор, Јанкуловски, Претседателот на Комората на овластени архитекти и инженери, Блашко Димитров, професор Милорад Јовановски од Градежниот факултет и други видни гости.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование