Американската вселенска агенција НАСА објави серија на ретро постери за регрутирање со кои ги рекламираат потенцијалните позиции кои ќе бидат потребни еден ден на Марс.
За прв пат овластени во 2009 година за изложба во Кенеди вселенскиот центар, шарените постери вклучуваат „огласи“ за наставници, истражувачи и земјоделци, меѓу многуте професии.
НАСА започна да користи вакви постери за да им помогне на луѓето да си замислат каква би била иднината во вселената еден ден. Претходно оваа година, агенцијата објави сет на фотографии со кој го промовираше вселенскиот туризам.
Сепак, ќе биде потребно некое време пред луѓето да започнат да работат. НАСА го објави својот план од три чекори наречен „Патување на Марс“ со кој ќе ја колонизира Црвената планета во 2015, но планот не замислува луѓето да живеат и работат во колониите се' до 2030 година.
Линк до галеријата.