Во септември фрагменти од астероидот Бену беа внимателно фрлени во пустината Јута. Овие вселенски камења имаат индиции за потеклото на Сончевиот Систем и веројатно можат да одговорат на клучните прашања за тоа како настанала нашата планета, но само ако можеме да дојдеме до нив.
НАСА се обидува да го отвори контејнерот со камења и прашина собрани од астероидот Бену уште од неговото слетување на Земјата. Вселенската агенција предвидува дека контејнерот ќе биде отворен на почетокот од 2024 година бидејќи инженерите создаваат нови алатки кои ќе помогнат да се отвори, притоа зачувувајќи ги карпите недопрени.
Мисијата беше лансирана во септември 2016 година, а до астероидот Бену стигна во декември 2018 година. Леталото зеде неколку дела од астероидот и го започна своето враќање на Земјата во мај 2021 година. Ова беше првиот обид на НАСА за извлекување примерок од астероид во вселената, а остатоците од Бену мораа добро да се сочуваат за време на патувањето.
Но, тимот кој ја предводеше мисијата има проблеми со отворањето на контејнерот, а успеа да собере материјал само од надворешноста на контејнерот. Кога прво бил отстранет алуминиумскиот капак на контејнерот, членовите на тимот пронашле црн прав и остатоци. Исто така, тие извадиле дел од материјалот од внатрешноста со пинцета.
Дополнителните делови собрани досега ја надминаа целта на НАСА да собере 60 грама од површината на Бену, така што вселенската агенција веќе има материјал за работа. Во октомври НАСА ѝ даде на јавноста прв поглед на примероците од астероиди кои беа собрани досега. Вкупната количина на примерокот на астероидот беше проценета на 250 грама камења и прашина.
Дури и со „бонусниот“ примерок собран од надворешноста на контејнерот, мисијата вредна 1,16 милијарди долари веќе ја докажа својата вредност. Научниците извршија рана анализа на примерокот од астероидот и пронајдоа изобилство на јаглерод и молекули на вода, што ја поддржува теоријата дека „градбените блокови“ на животот можеби стигнале до Земјата преку астероиди. Може само да се замисли што уште може да понуди Бену откако научниците ќе дојдат до најголемиот дел од неговиот примерок.
- Се работи на дизајнот, развојот и тестирањето на нови алатки направени од материјали што одговараат за отворање на контејнерот. Во зависност од времето на создавање и тестирање, очекуваме дека контејнерот ќе биде отворен во првиот квартал на 2024 година - вели портпаролот на НАСА.
Бену е мал астероид кој поминува покрај Земјата на секои шест години. Научниците веруваат дека Бену се отцепил од многу поголем астероид богат со јаглерод пред околу 700 милиони до 2 милијарди години и оттогаш се доближил до Земјата.
Планот е тим од вселенскиот центар Џонсон на НАСА да го извлече и измери примерокот, да создаде попис на она што е внатре и да дистрибуира парчиња од Бену до меѓународни тимови од научници. Се надеваме дека НАСА ќе може да го отвори, давајќи ни подобри шанси да дознаеме за потеклото на нашиот Сончев Систем.
Извор:
Gizmodo.com
Фото: NASA