X
 23.01.2017 Наука

На НАСА ѝ е потребна вашата помош!

НАСА бара помош од граѓаните во нивниот нов проект. Станува збор за сортирање на ноќните фотографии направени од Меѓународната вселенска станица.

 

наса


Имено, досега се собрани повеќе од 1.8 милиони фотографии од Земјата направени од вселената, од кои 1.3 милиони се снимени од Меѓународната вселенска станица.

„Локациите на фотографиите не се секогаш одредени, што го ограничува користењето на фотографиите. Токму тука доаѓа граѓанското знаење“, велат од НАСА.

Од НАСА велат дека се надеваат дека овие фотографии ќе придонесат за подобро здравје и безбедност на луѓето и ќе помогнат во сфаќањето на хемискиот состав на атмосферата.

Токму затоа, Универзитетот во Мадрид започна проект наречен Cities at Night со цел да се направи категоризација на фотографиите. Наједноставниот дел од проектот е Dark Skis ISS во кој од интернет корисниците се фотографиите да ги поделат на фотографии од градови, ѕвезди и други објекти. Другиот дел е наречен Night Cities ISS каде на местата на фотографиите треба да се стават локации. Третиот и најголем дел се нарекува Lost at Night, а за него е потребна помош од граѓаните научници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука