Астронаутот Скот Кели вели дека патувањето во вселената оставило трајни ефекти на неговото тело кои едноставно не може целосно да ги разбереме.
Астронаутот Скот Кели помина цела година во вселената на Меѓународната вселенска станица. За таа година во вселената, тој вели дека оставила „трајни ефекти кои едноставно не ги разбираме комплетно“. Поради тоа, тој препорачува намалување на периодот кој астронаутите го поминуваат во вселената пред да се развие патување во вселената за луѓето.
Кели споменува изложеност на јаглерод моноксид и радијација, проблеми со видов и губење на коскена и мускулна маса поради малата гравитација меѓу ефектите кои ги имаат астронаутите по патувањето во вселената.
Скот Кели беше на Меѓународната вселенска станица цела година за да научи повеќе за ефектите кои ги остава вселената на човековото тело, додека неговиот брат близнак останал на Земјата за да се направи споредба по враќањето.
„Околината на која се изложени астронаутите додека се во вселената е не е како никоја што ја имаме тука на Земјата. Изложеноста на вселенската околина има трајни ефекти кои едноставно не ги разбираме целосно“, вели тој.
Кели додава и дека неговата кожа станала почувствителна и полесно се иритира бидејќи не допирал речиси ништо во вселената речиси година. Тој започнал да забележува и симптоми слични на настинката.
Кели учествува и во
иницијатива во која се бара од НАСА да им доделува доживотно здравствено осигурување на астронаутите.