Бидете среќни што нема да мора да влезете во црна дупка бидејќи најблиската црна дупка до Земјата се наоѓа на околу 1.500 светлосни години. Но, за оние што би сакале да знаат како е да се влезе во црна дупка, има симулација која го покажува токму тоа.
Црните дупки се создаваат на место на кое гравитацијата е толку концентрирана, што ништо не може да избега од неа, дури ни светлината. Ако паднете во црна дупка, вашето тело може да се растегне пред да биде растргнато и здробено како што ќе се приближувате до центарот.
Видео направено од францускиот уметник, програмер и музичар Алесандро Русел прикажува какво би било ова искуство. Видеото може да се гледа и со очила за виртуелна реалност.
Извор:
Mental Floss
Фото: Pixabay