X
 17.02.2022 Наука

Маск сподели симулација на човечките мисии до Марс во иднина

Претприемачот Илон Маск споделил петминутна анимација на патување до Марс на ракета од неговата компанија „Спејс-екс“. Тој се надева дека ќе воспостави човечка колонија на Марс во следните децении, а првата човечка мисија треба да биде организирана до 2030 година.



Анимацијата покажува како би била лансирана ракетата „Старшип“ од футуристичен вселенски аеродром пред да наполни гориво во орбитата и да продолжи на седуммесечно патување до Марс. „Спејс-екс“ во моментов се подготвува за првиот тест на ракетата во кој леталото ќе патува околу Земјата 90 минути.

Досега ракетите на компанијата успешно слетале по полетувањето само еднаш, а другите тестови завршиле неуспешно. Кога ќе завршат тестирањата, компанијата планира масовна изградба на ракетите за тие да се користат за пренесување луѓе и карго низ Сончевиот Систем.

Клучен дел од потенцијалното населување на други планети е намалувањето на цената за патување во вселената, па затоа вселенските компании се фокусираат на повеќекратно користење на леталата.


Извор: Independent
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука