X
 17.06.2016 Култура

Во тајните простории на Икеа

Секоја година, во Икеа се прегледуваат милиони слики за каталозите кои ќе бидат читани од 400 милиони луѓе во 48 земји низ светот.


Икеа била основана од Ингвар Кампард, кој ја основал компанијата на 17 години. Брендот денес вреди 14 милијарди долари. Компанијата сега ја води синот на основачот, но брендот е во сопственост на хуманитарна организација.

На 30 јуни ќе се отвори првиот музеј на Икеа во Алмхулт во кој ќе има медиумски центар, нови колекции, работилници за дизајн, студио за прототипи и лаборатории за тестирање. Позади колекциите и почетните верзии на производите, вистинскиот бизнис се одвива во лабораториите за тестирање. Таму, дизајнерите ги „хакираат“ сопствените креации за да ги направат подобри за потрошувачите.





Тимовите за комуникација ги собираат новите идеи преку социјалните медиуми и редовно ги посетуваат домовите на луѓето низ светот за да им помогнат на дизајнерите да сфатат како навистина живеат луѓето. Во овие лаборатории има уреди за виртуелна реалност, со кој се создава виртуелна верзија на просториите кои подоцна ќе се произведуваат.

По дизајнерската фаза, производите се испраќаат во лабораторија за тестирање, каде што душеците се горат со цигари и слично. Материјалите се тестираат со плунка и течности, свеќите се оставаат да изгорат итн. Сето ова го прави тим од 12 дизајнери и 3 практиканти и фриленсери.

Хана Долрот, која создава материјали за најновите производи на Икеа, вели дека е неверојатно колкаво е нивното влијание.

„Ако помислите за тоа, дека вашиот дизајн е насекаде низ светот, малку е преголемо за да се разбере“, вели таа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура