X
 13.03.2020 Живот

Нов трговски центар во Холандија во кој ништо не се продава

Новиот трговски центар „Форум“ во холандскиот град Гронинген се обидува да воведе сосема ново искуство.

Зградата, вредна 101 милион евра, е поделена на неколку делови - библиотека, место за состаноци, музеј и место за рекреативно дружење. 10-катната зграда е дизајнирана за граѓаните што знаат дека шопингот не е најважен. Всушност, станува збор за нов трговски центар со сосема нов изглед кој не продава многу.

Со оглед на тоа што низ развиениот свет сè повеќе се затвораат продавниците и градските центри, оваа експериментална зграда внимателно се следи. Ова особено важи за Велика Британија, каде што повеќе од 16.000 продавници за малопродажба се затвориле минатата година, со што се затвориле и 143.000 работни места. Сликата во САД е слична, со тоа што повеќе од 9.300 продавници биле затворени, како што купувачите сè повеќе се насочуваат кон интернет-купувањето.

1

Во Европа, градските центри се испразнети поради вртоглавите трошоци за изнајмување, па ги туркаат жителите со ниски приходи кон периферијата. Во градови како Париз, Стокхолм, Копенхаген и Луксембург, 80 отсто од граѓаните велат дека е тешко да се најдат прифатливи цени за домување.

Иако е рано да се каже, зградата „Форум“ работи. Повеќе од 700.000 луѓе (трипати повеќе од вкупното население на градот), ја посетиле библиотеката откако се отвори минатата година. Што толку ги привлекува луѓето?

Постојат речиси 92.000 книги, но тие се за изнајмување, а не за продажба. Географија на еден кат, историја на друг, математика на трет.

2

За оние што не го сакаат пишаниот збор, постојат многу други активности: кино со шест екрани, две изложбени сали, неколку кафулиња, музеи (меѓу кои и за стрипови), аудтироиум со 250 седишта и на горниот кат ресторан и бар. А на покривот „плоштад“ со панорамски поглед кон целиот град.

На директорот на „Форум“ позајмувањето книги никогаш не му било приоритет. Наместо тоа, тој бил поттикнат од идејата што ја имал пред 6 години - да создаде простор каде што секој ќе може да шета, да се релаксира и да се чувствува како дома.

- Ако луѓето влезат и речат: „Гронинген има нова библиотека“, тогаш не успеавме во замислата. Ако сакате да дојдете и само да се дружите, треба да се чувствувате исто толку добредојдени како да одите на изложба или како да позајмувате книга - вели тој.

3

Проектот се обидува да го реши проблемот што го предизвика денешното капиталистичко општество: прво во неговата промоција на индивидуалистичко општество, и второ, во својата комерцијализација на јавен простор (со тоа што трговските центри и кафе-барови постепено ги заменуваат библиотеките и центрите на заедницата).

Предизвикот е да се натераат луѓето да останат. Сè е поврзано со искуството - нема обезбедување на врата, нема никакви најавувања на разглас, нема бесконечни редици. Наместо тоа, има мек мебел, прекрасно осветлување и атмосфера што прави да се чувствувате како дома.

И ознаките се сведени на минимум. Истражување, а не објаснување е водечкиот мотив на зградата, вели Камиел Класе, коосновач на „Ен-ел архитектс“, компанија што го добила договорот за дизајн на зградата.

4

- „Форум“ е еден голем гест на добредојде за нас како граѓани - вели социјалниот активист Рицо тен Кејт. А доказите го поддржуваат ова. Секој ден можете да најдете ученици и студенти што работат на нивните лаптопи, мајки со нивните деца и баби кои читаат весници. Сите заедно, под еден покрив, како една целина.

5

- „Форум“ се отвори неодамна, но веќе си ја врши работата како поврзувач на заедницата - вели Рицо тен Кејт.


Извор: The Guardian
Фото: Instagram | Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот