После месеци и месеци чекање, 6-та сезона на „Game of thrones“ веќе завршува.
За среќа, како што изгледа од трејлерот на 10-та епизода, објавена од „HBO“, после битката на Копилињата, финалето ќе биде и повеќе од добро.
Видеото долго 45 секунди не открива многу, меѓутоа може да се почувствува тензијата: Серсеј се подготвува за нејзиното судење, Волдер Фреј и Џејми Ланистер делат банкет, и лутиот Давос Сиворт ја тера Мелисандра да му каже на Џон Сноу што таа направи (веројатно мисли за смртта на Ширин).
Дефинитивно смртта ќе преовладува во оваа епизода; прашање е кој, и колку.