X
 09.09.2023 Култура

Џорџ Р. Р. Мартин открива која последна епизода ја смета за најдобра во историјата на телевизијата

Американскиот писател, сценарист и продуцент Џорџ Р. Р. Мартин во неодамнешна објава на неговиот блог изјави која последна епизода ја смета за најдобра во историјата на телевизијата.

Авторот на серијалот „Песна за мраз и оган“ го напиша постот откако прочитал напис на магазинот „Венити фер“ во кој била вклучена епизода од „Игра на тронови“ на листата со 25 совршени епизоди во последните 25 години.

Станува збор за епизодата „Блеквотер“, последната епизода од 2. сезона на популарната серија. Епизодата, чие сценарио е на Мартин, се фокусираше на ликот на Станис Баратеон и неговиот обид да го освои Кингс лендинг.

- Никогаш не сум тврдел дека сум совршен, но ако добрите луѓе од „Венити фер“ тврдат дека се, кој сум јас да се расправам - напиша авторот на својот блог.

- Се разбира, не велат дека јас сум совршен, туку зборуваат за „Блеквотер“, една од епизодите што ги напишав за „Игра за тронови“ - додаде тој.

Тој откри дека „Блеквотер“ е неговата омилена епизода и рече дека се согласува со остатокот од листата на „Венити фер“. Но, на таа листа би ја додал и последната епизода од серијата на Ејч-би-о, „Два метри под земја“.

- Ако требаше да изберам една епизода што е уште посовршена од сите други на списокот, тоа треба да биде последната епизода од „Два метри под земја“. Последната епизода е убедливо најдобриот крај во историјата на телевизијата и никој не може да ја надмине - напиша тој и додаде дека серијата „Црно огледало“ и епизоди од неа навистина му се допаднале.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура