X
 21.06.2016 Технологија

Направете сами домашен проектор од картонска кутија за телефонот?

Стануваме се' повеќе зависни од нашите смартфони за се' повеќе работи. Расте бројот на интернет-корисници кои го користат само мобилниот телефон, а во пораст е и играњето со мобилните телефони.


Иако телефоните биле создадени за комуникација, тие сега претставуваат уреди и за забава и учење. Мобилниот телефон може дури и да послужи како домашен проект. Ова видео од „TechBuilder“ може да ви помогне да го сторите тоа, а потребни ќе ви бидат и некои други домашни алатки.

Додека го правите домашниот проектор, користете многу лепак за да биде добро составен, бидете сигурни дека леќата е правилно наместена и не заборавајте да ја фокусирате леќата. Освен тоа, иако во видеото се користи ајфон, може да користите било каков телефон за да направите ваков проектор.

Следете ги упатствата во видеото во продолжение.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија