X
 30.03.2017 Технологија

Кои се новите карактеристики на „Samsung Galaxy S8“?

„Samsung“ конечно ги откри новите паметни телефони „Galaxy S8“ и „Galaxy S8+“ - после неколку месеци гласини, новите паметни телефони сега и официјално пристигнаа.

самсунг галакси
Фото: Zach Epstein/BGR

Еве што нуди најновиот телефон од „Samsung“.

„Infinity“ екран

Овој прекрасен 6.2 инчен Super AMOLED, заоблен e од двете страни со одлична резолуција Quad HD (2560х1440 пиксели).

Заоблени рабови

Првиот паметен телефон на „Samsung“ со заоблени рабови беше и повеќе од одличен. Сега, во 2017 година симетричното заоблено стакло на предната и задната страна прави телефоните да се многу потенки отколку што се. Тие се толку удобни во раката благодарение токму на заоблената карактеристика.

Декстоп искуство

Со „Galaxy S8“ и „Galaxy S8+“, потрошувачите се поблиску до иднина без да имаат потреба за традиционални компјутери.

Новиот „DeX Station“ им овозможува на корисниците да го приклучат телефонот на монитор, тастатура и глувче. „Android“ е оптимизиран за десктоп и е неверојатно брз.

Скенер за мрежницата на окото

„Apple“ ја промени играта кога го претстави новиот iPhone со скенер за отпечатоци на прстите, па така сега секој предводник на телефон има скенер за брзо отклучување и проверка. Сега телефоните нудат различни опции, па така овие паметни телефони вклучуваат скенер на мрежницата на окото.

Препознавање на лице

Кога зборуваме за нови безбедносни опции, овие телефони вклучуваат целосно препознавање на лицето овозможено од надградената предна камера од 8 мегапиксели.

„Bixby“ и „Google Assistant“


„Samsung“ на корисниците им дава избор за виртуелен личен асистент. Популарниот „Google Assistant“ како и новиот личен асистент „Bixby“.

„Bixby vision“

Додатокот „Bixby Vision“ користи препознавање на предмет, препознавање нa текст и податоци за локација. Со камерата на телефонот, оваа апликација може да „гледа“ предмети и да понуди информации кои се однесуваат на нив, а може и да преведи текст во реално време на повеќе од 50 јазици.

Нов процесор

Кога станува збор за чипсетот на паметните телефони, „Apple“ е лидерот, меѓутоа „Samsung“ дефинитивно го победи со новите телефони. И „Snapdragon 835“ и „Exynos 8895“ се новите процесори кои нудат неверојатни подобрувања и во перформансот и во ефикасноста.

Безжично полнење

Безжичното полнење е уште една карактеристика на која „Аpplе“ работи за следната генерација на iPhone, но телефоните на „Samsung“ со години имаат вакво полнење, па така и „Galaxy S8“ и „Galaxy S8+“ доаѓаат со безжично полнење.

Брзо полнење

Да, големите 3.000 mAh и 3.500 mAh батерии на новите телефони ќе се наполнат за многу брзо време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија