X
 20.11.2017 Технологија

Германија ги забрани паметните часовници за деца

pametni casovnici

Германија забрани продажба на паметни часовници за деца откако надзорното тело ги опиша како шпионски уреди.

Надзорната агенција „БНетзА“ ги повика родителите да ги уништат паметните часовници на своите деца: „Лошо обезбедените паметни уреди дозволуваат нарушување на приватноста. Тоа навистина е загрижувачки кога се работи за часовници за деца со вграден ГПС, кои наводно требаа да бидат безбедни“, изјави стручњакот за безбедност на компанијата „Пен тест партнерс“, Кен Манро.

„Шокантен е недостатокот на регулација на интернетот кој им дозволува на слободните производители да си играат со безбедноста на нашите деца“, додаде Манро. „БНетзА“ во изјавата наведува дека веќе покренале постапки против неколку компании кои продаваат паметни часовници преку интернет.

„Со помош на апликација, родителите можат детските часовници да ги користат за константно набљудување и прислушкување на нивната околина, така што мораме да ги сметаме за недозволени производи за продажба“, истакна директорката на агенцијата, која додаде: „Според нашето истражување, родителите ги користат часовниците за прислушкување на наставниците во училниците“.

Грешките во часовниците овозможуваат и лесно хакирање, па со тоа ја загрозуваат безбедноста на децата.

Паметните часовници се продаваат во Германија, воглавно за деца меѓу 5 и 12 години. Повеќето од нив се опремени со сим-картички и се контролираат со помош на апликации.

Во октомври норвешкото собрание на потрошувачи предупреди дека некои од часовниците имаат внатрешна грешка заради што пренесуваат и складираат податоци без шифрирање. Тоа значи дека со помош на основни техники на хакирање, непознати лица можат да ги следат детските уреди. Заради тоа, Норвешка побара преземање на итни мерки во целата Европа за да зголемување на безбедноста на ваквите апарати.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија