Не е тајна дека интровертните луѓе имаат потешкотии кога станува збор за комуникацијата и изразувањето на своите мисли и идеи. Овој проблем се појавува во мозокот, каде што информацијата патува подолго за да процесира настани во споредба во мозокот на екстровертните лица. Должината на ова патување ги зема предвид и чувствата и мислите додека се процесира информацијата, што ја комплицира способноста за јасно споделување на она што се мисли. Дали сте интровертна личност? Доколку сте интровертни, постојат некои работи на кои може да влијаете за да ја подобрите комуникацијата.
Донесувајте брзи и ефективни одлуки
Како што се спомена, интровертните лица подолго ги процесираат информациите во мозокот поради што премногу размислуваат за работите, што може да доведе до задоцнети реакции и одговори. Бидејќи тие размислуваат повеќе и ја анализираат ситуацијата, на крајот завршуваат со ништо. Интровертните лица не се познати по брзото реагирање, но доколку вие чувствувате дека сакате да кажете „не“ во моментот, направете го тоа без да размислувате премногу.
Не се извинувајте
Не е добро премногу да се извинувате за се' и сешто. За интровертните луѓе, извинувањето е нормално и тие се извинуваат дури и кога не треба. Но, погрешното извинување може да ги наведе луѓето на погрешна насока. Со извинувањето кога не треба покажувате дека немате доволно самодоверба и ја намалувате сопствената вредност пред нив.
Преземајте ризици
Системот за задоволство и награда е поттикнат од невротрансмитерите за допамин. Екстровертните луѓе обично преземаат повеќе ризици бидејќи го чувствуваат адреналинот додека прават нешто опасно. Од друга страна, интровертните лица не преземаат ризици. Но, ова може да се смени. Најдете начин да излезете и да направите нешто различно.
Зборувајте слободно за вас
Екстровертните лица зборуваат за себе и за својот живот. Тие ја диктираат насоката на дискусијата. Интровертните не сакаат да комуницираат, а помалку да зборуваат за себе. Не мора да бидете еден од оние интровертни луѓе кои се затворени и постојано молчат. Во ред е да кажете свое мислење и да раскажете нешто за себе, барем на поблиските.
Фокус на разговорот
Интровертните луѓе ги споредуваат искуствата во меморијата со оние во моментот, а овој процес води до внатрешни монолози со нивните мисли и идеи. Ова ги спречува да останат во моментот, особено кога зборуваат со некого. Следниот пат кога ќе забележите дека се случува ова, обидете се да го слушате соговорникот и фокусирајте се на разговорот.
Брзината на разговорот
Како интровертна личност, факт е дека вашиот мозок ќе ги процесира информациите поспоро отколку останатите. Наместо да го смените начинот на кој работи вашиот мозок, треба да се обидете да ја диктирате брзината на разговорот. Може да правите паузи во зборувањето или да се извините за да отидете на свеж воздух со што би одмориле за потоа да продолжите со разговорот.
Како да бидете подобри во комуникацијата како интровертна личност?
Ефективната комуникација не доаѓа природно. Но,
постојат некои работи кои може да се направат.
Знајте што сакате - Најдете начин да ги откриете приоритетите, соништата и плановите.
Бидете самоуверени - Знаете дека вредите, погрижете се и другите да го гледаат тоа.
Вежбајте - Ефективната комуникација се постигнува со вежбање, не со седење дома.
Фокусирајте се - За време на секој разговор важни сте само вие и луѓето со кои разговарате, ништо друго.
Дадете си време за одмор - Доколку разговорот станува премногу напорен за вас, дишете и направете пауза. Вратете се кога ќе бидете подготвени повторно.