X
 27.04.2017 Живот

Трикови за интервју за работа кои ќе Ви помогнат ако сте интровертни

Интервјуата за работа може да бидат многу непријатни за сите, а уште повеќе за интровертните. За среќа секогаш постојат начини како да ја намалите напнатоста и тремата.

Еве неколку трикови како да оставите одличен прв впечаток, дури и ако во тие моменти сакате да се сокриете подалеку од сѐ:

Пракса – без разлика дали ќе вежбате со пријател или пред огледалото, со пракса ќе направите да изгледате поприродно на интервјуто.

Знајте ги Вашите силни страни – интровертните обично не се промовираат себе си, па задоа преземете ги работите во свои раце и најдете начин да зборувате за нив.

Предвидете – наместо да ги оставате работите на случајноста, составете листа на прашања за кои мислите дека интервјуерот ќе Ве праша и подгответе ги одговорите според тоа.

Планирајте однапред – не оставајте за последниот половина час да лутате до местото на настанот. Ден претходно истражете ја рутата и размислете како најкратко да стигнете до таму. Сигурно не сакате да пристигнете испотени и во хаос.

Одберете ја облеката мудро
– ако не Ви удобно во она што го носите, чувството ќе се одрази на ликот. Посветете време и изберете го она во кое се чувствувате најмоќни.

Разговарајте за своите квалитети како интроверт
– како што наближува времето можно е да станете несигурни за своите квалитети. Наместо тоа обидете се да наброите какви позитивни карактеристики имате како интроверт.

Дајте си време да се опуштите
– одвојте време за масажа, за да прочитате добра книга или што и да е што укажува на тоа дека се грижите за себе.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот