Голема заблуда е дека интровертните се срамежливи и сакаат да бидат сами, а ектровертните дружељубиви. Ектровертните мислат дека интровертните не излегуваат од собата, а во умот на интровертните, ектровертните секогаш се излезени од својата соба. Ова е големо недоразбирање меѓу двата типа на личности.
Сите сме хибриди
Потеклото на овие два термина е од 1920тите кога познатиот психолог Карл Јунг ги поставува како два типа на личности. И двата се со тотално спротивно значење, но во пракса, секој е некаде измеѓу и натежнува повеќе кон едната или другата страна. Според Карл Јунг не постои чист интроверт или ектроверт. Таквиот човек би требало да биде во лудница.
Разликата е во мозокот
Она што прави да бидат различни е мозокот. И двата типа немаат избор и мора да се прилагодат на она што им го наложува тој. Во што се состои разликата?
Екстровертните повеќе се социјализираат и сакаат да бидат центар на внимание. Ова е поради фактот дека се помалку чувствителни на стимулации. Екстровертните луѓе имаат помала основа возбуда. Тие треба да бидат вклучени во повеќе активности за да се задоволат, додека интровертните се со поголема основна возбуда и полесно се задоволуваат.
Интровертните акумулираат енергија со тоа што се сами, а екстровертните преку социјални интеракции.
Што се однесува до донесувањето на одлуки, интровертните секогаш размислуваат подлабоко за разлика од екстровертните. Тоа се должи на префронталниот дел на мозокот кој е многу погуст кај интровертните.
Кога станува збор за обработка на информации, тоа трае подолго кај интровертните. Рутата поминува по области поврзани со меморијата, планирањето и решавањето на проблемите. Поради различните патишта што ги избираат, ектровертните се со тенденција да зборуваат и дејствуваат брзо, а на интровертните им е потребно повеќе време да дојдат до одговор.
Стереотипите за личноста се како оние за половите
Стереотипите за интровертните и ектровентите имаат длабоки корени во сечиј ум. Интровертните се поврзуваат со „срамежливост“ и со „желбата да бидат сами“, а ектровертните со „социјална интерактивност“ и „добри во зборување“. Но, ова не е точно. Интровертните можат да бидат и подобри јавни говорители поради тоа што размислуваат темелно. Екстровертните се подобри во справување со различни интереси на различни теми и се подобри во муабетење.
Дали сте амбивалентни?
Оние што се наоѓаат меѓу двата типа на личности се нарекуваат амбивалентни. Ако сакате да минувате време сами, а сакате и луѓе, ако во некои ситуации сте дружељубиви, а во некои резервирани, и ако имате проблем да се категоризирате себе си како интроверт или ектроверт тогаш сте амбивалентни. Тие поседуваат особини и од двата типа на личности. Повеќето луѓе се всушност вакви. Како што е наведено погоре, ‘интроверт’ и ‘ектроверт’ се само две екстреми.