X
 23.06.2016 Технологија

Паранојата на Марк Закерберг

Медиумите пишуваат дека тој ја покрива камерата на компјутерот и го заштитува микрофонот. Зошто?


„Гардијан“ пишува дека извршниот директор и основач на „Facebok“, Марк Закерберг, ја покрива камерата на својот преносен компјутер. Тој го откри ова ненамерно за време на објава во која имал намера да го промовира „Instagram“.

Во објавената фотографија која ја објавил самиот Закерберг се гледа неговиот преносен компјутер во позадината. Како што посочува Кристофер Олсон, на компјутерот има некои необични работи.



Тоа навистина е неговиот компјутер, според новинарите кои добиле обиколка во канцелариите и ја виделе оваа работна маса, која ја претставил како негова.

Освен покриените камера и микрофон, на фотографијата се гледа дека Закерберг користи електронска пошта преку „Thunderbird“, кој е создаден од „Firefox“.

Тој не е ниту единствениот кој ја покрива камерата. Директорот на ФБИ, Џејмс Куми исто така ја покрива својата камера, а дури и експертите за приватност сметаат дека треба да го правиме тоа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија