Првиот човек на „Фејсбук“, Марк Закерберг, сведочеше пред 44 сенатори од американскиот Конгрес поради аферата во која беа собрани личните податоци на милиони корисници. Тој на сослушувањето објаснуваше како неговата компанија ја штити приватноста на корисниците, како и нивните податоци за да не бидат злоупотребени за политичка кампања. Закерберг го повтори своето извинување за проблемите со кои се соочува „
Фејсбук“. Ова беа најинтересните моменти од сослушувањето.
Дали „Фејсбук“ има монопол?
Линдзи Грејем, сенатор од Јужна Каролина, го праша Закерберг дали „Фејсбук“ има монопол.
- Јас навистина не мислам така - одговори Закерберг, по што присутните почнаа да се смеат.
Не споделува информации за себе
Сенаторот од Илиноис, Дик Дурбин, го праша Закерберг дали би можел да им го каже името на хотелот во кој престојувал претходната вечер. Закерберг одговори само со кратко „не“. Потоа сенаторот праша дали би сакал да ја сподели со нив пораката што ја испратил некому минатата недела.
- Не би го направил тоа јавно - одговори Марк.
Дипломатски одговор
Сенаторката Марија Кантвел го праша Закерберг дали во активностите на „Кембриџ аналитика“ за време на американските претседателски избори во 2016 година биле вклучени и вработени во „Фејсбук“.
- Не можам точно да одговорам, можам да проверам со мојот тим - дипломатски одговори Закерберг.
Најинтересна во целата приказна е информацијата дека по извинувањето на Марк пред Конгресот, акциите на „Фејсбук“ скокнаа за пет отсто.