X
 21.01.2018 Технологија

Првиот човек на „Фејсбук“ бара помош од корисниците

фб
Фото: АР

„Фејсбук“ ги повикува своите корисници да се вклучат во борбата против лажните вести и препознавањето на „веродостојните“ извори, поради поплавата од сензационализми и лажни вести, вели Марк Закерберг.

„Има премногу сензационализам, дезинформации и поделеност во денешен свет“, оценува тој и додава дека социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да пласираат информации побрзо од кога било.

Според него, важно е секој корисник да го истакне квалитетот на информацијата. Компанијата со повеќе од 2 милијарди корисници вели дека, меѓу другото, ќе користи анкети за да утврди кои медиумски куќи се веродостојни според корисниците на „Фејсбук“.

„Оваа новост нема да ја промени количината на информации на ’Фејсбук‘. Тоа само ќе ја промени рамнотежата на информациите во корист на изворите што се сметаат за веродостојни“, вели Закерберг.

Од следната недела „Њуз Фид“ ќе им даде предност на квалитетните вести пред оние со помалку веродостојни извори.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија