„Пред 22 години, добив понуда за работа како асистент професор на универзитет во Мичиген. Понудата пристигна доцна летото, па имав само неколку недели пред да започнам со предавање. Бев возбуден и исплашен - возбуден бидејќи секогаш сакав да предавам и конечно ја добив мојата прва професорка работа; исплашен бидејќи не бев сигурен дали ќе бидам добар професор“, ја започнува својата приказна д-р Маријапан Џавахарлал, професор по машинско инженерство.
Како што се приближувал семестарот, Џавахарлал започнувал да паничи и посакувал да добие магичен одговор на прашањето како да биде подобар професор. Тој започнал да бара одговори во повеќе книги за оваа професија. Тој гледал филмови за да пронајде начин да стане подобар наставник.
Во текот на следните неколку години применил повеќе техники за предавање во неговите предавања. Се обидел да имитира негови професори и експериментирал со нивните стилови. Но, тоа било катастрофа. Потоа се откажал од оваа техника и наскоро сфатил дека секогаш кога се обидувал да имитира некого се чувствува непријатно.
„Потоа имав откровение: добрите наставници кои се обидував да ги имитирам немаа ништо заедничко. Сечиј изглед, стил и пристап кон предавањето беше различен од останатите“, вели Џавахарлал.
Што треба да направите за да станете подобар професор или наставник?
Не се обидувајте да имитирате никого. Нема да успеете. Наставник кој имитира друг е како изведувач кој го имитира Елвис Присли - ќе понудат забава, но нема да бидат сфатени сериозно.
„Првиот чекор во станувањето подобар наставник е да бидете свои. Учениците простуваат. Тие ќе ги занемарат вашите недостатоци доколку знаат дека се грижите за нив. Она што им е важно на учениците е дека сте страстни и ќе направите се' за да им помогнете да научат“, вели Џавахарлал.
Бидете оригинални, бидете свои и станете подобри наставници.