Универзитет во Охајо прифатил да му плати 400.000 долари на професор откако го критикувал затоа што одбил да му се обраќа на трансродово лице во женски род.
Во 2018 година Николас Мериведер, професор по филозофија на државниот универзитет „Шони“, му се обратил со машка именка на трансродово лице кое се идентификувало како жена. Универзитетот отворил истрага поради инцидентот и заклучил дека Мериведер создал „непријателска околина“ во предавалната.
Професорот добил писмено предупредување дека може да биде отпуштен или суспендиран затоа што ги нарушува политиките за недискриминација на универзитетот. Тој понудил да ѝ се обраќа на студентката со име или презиме, но одбил да ѝ се обраќа со женска именка.
Професорот имал еден неуспешен обид за тужба на универзитетот бидејќи тужбата му била одбиена, но неговиот втор обид за тужба во 2020 бил успешен. Во тужбата тој напишал дека му било нарушена слободата на говор и практикување религија и дека универзитетот одбрал страна во случајот и го казнил професорот за говор на ситуација која е многу оспорувана.
Во судскиот процес, универзитетот се согласил да му плати 400.000 долари на професорот за штета и правни трошоци. И покрај тоа, од универзитетот изјавиле дека стојат на ставот дека не му го нарушиле правото на слобода на говор и практикување религија на професорот.
Извор:
The guardian
Насловна фотографија: Pixabay