X
 30.06.2016 Живот

Месечен хороскоп за јули 2016 година

Што овој месец планетите и ѕвездите подготвиле за вас?

 

1

 

Oвен


Работа
- Драги Овнови, полни сте со енергија, работна иницијатива и ентузијазам, бидејќи вашата лична планета Марс, го промени правецот и започна директно да се движи. Ова би бил одличен месец за вас на професионално поле. На работа владее мирна атмосфера и овој месец ќе биде воглавно мирен за вас. Работите ќе се движат во нормално темпо, а вие ќе успеете да ги завршите сите активности кои претходно не сте успеале да ги завршите.

Љубов - Во овој период вашето внимание е насочено кон домот, партнерот и семејството. Во четвртото поле на домот, здружени се позитивните енергии на Сонцето, Венера и Меркур и со вашиот партнер, деца и родители имате емотивни топли односи. Овој период е добар за решавање на станбеното прашање, такашто купувањето недвижнини и преуредувањето на вашиот дом се одлична можност. Делувате уморно од гужвата, излегувањата и забавата, па сакате малку да одморите.

Здравје - Бидете внимателни кон вашиот организам и одржувајте го во кондиција.

Бик

Работа
- Биковите кои работат можат да очекуваат поголема динамика и помалку среќа на работното место во однос на претходниот период. Планетарните односи се напнати и потребно е да ги рационализирате трошоците и со поголемо внимание да инвестирате. Вработените претставници на вашиот знак може да ги вознемири лошата атмосфера на работното место. Бикот не сака промени, па за вас ќе биде и тоа како напорен месец.

Љубов - Слободните Бикови пред себе ги очекува возбудлив месец. Ќе се впуштите во нови предизвици, ќе посетувате неистражувани места за забава и ќе запознаете интересни луѓе. Бидете внимателни во првата декада на јуни, кога може да ви се случат непријатности и разочарувања. Додека вие барате љубов некаде далеку од дома, некоја блиска личност од вашето соседство е заинтересирана за вас и се обидува да ви се приближи. Еден тивок Рак, нежна Риба или деликатна Девица ќе ја сака вашата наклонетост.

Здравје - Во овој период ќе чувствувате недостаток на енергија.

Близнаци

Работа
- Јули е само продолжение на напредувањето на работа, кое го започнавте во текот на претходниот емсец. Во овие денов имате можност да ги реализирате најдобрите финансиски резултати за оваа година. Вашата куќа на пари, е поддржана од Сонцето, Венера и Меркур и се создадени услови да го надминете бизнис планот и да реализирате поголема материјална придобивка. Ве очекува динамичен период и многу работни обврски во јули.

Љубов -
Близнаците кои се во брак или долга врска во овој период ќе бидат и тоа како емотивни и ќе се насочат кон семејството и партнерот. Вашиот однос со партнерот и понатаму е тежок и го очекува големи промени. Ќе морате да ѕирнете длабоко во вашето срце и да пронајдете одговори на прашањата што навистина сакате вие и што очекувате од партнерот? За сите слободни Близнаци, ве очекува одличен период со многу дружење и патување.

Здравје - Одлучете се за јога или медитација.

Рак

Работа
- Сонцето влезе во вашиот знак и го заокружи циклусот од година дена со успех. Можете да бидете целосно задоволни со постигнатото работно влијание и финансиски резултати кои со доста мака последните месеци сте успеале да ги одржувате на просечно ниво. Првите две декади на јули искористете ги за проширување на капацитетите и работење, а последната декада е најдобра за парични трансакции.

Љубов - Вашата брачна или долгогодишна врска падна во монотонија. Секој е зафатен на своја страна и така се редат деновите без многу ведрина и взаемна блискост. Вашиот успех како да ве раздалечил уште повеќе. Се обидувате да го вратите расположението на партнерот и да внесете топлина во домот такашто ги собирате пријателите и роднините во вашиот дом. Сосема друга приказна се слободните Ракови. Расположението и задоволството ќе создадат услови за флерт, додворување и по некоја авантура.

Здравје -
Имате одлична кондиција.

Лав

Работа
- Пред вас е успешен работен месец во кој после извесна борба и прегрупирање ќе направите чекор понапред во развивањето на вашиот бизнис и вашата кариера. Одредена нестабилност на пазарот овие денови ќе ве наведе да ја промените стратегијата и да смислите измени во врска со пласирањето на производите, услугите и проектите. Пожелно е вашите свежи идеи да им ги претставите на јавноста после 12 јули, кога планетата Венера ќе влезе во вашиот знак.

Љубов
- Ако сте во врска сте постигнале успех и делувате моќно за околината. Вашиот постојан партнер може да покаже љубомора што ќе ве нервира и ќе ве натера да се повлечете во вашиот свет. Не сте расположени да навлегувате во поголеми расправии, но и самите ќе согледате дека нешто не е во ред со вашиот однос и досегашниот семеен живот. Слободните Лавови изгледаат моќно и заносно и со тој изглед ќе ја шармираат околината. Ќе се движите во високо друштво и уметнички кругови и ќе се чувствувате одлично.

Здравје - Внимавајте, овој период подложни сте на вирусни и бактериски инфекции.

Девица

Работа
- За разлика од минатиот месец, во овој период Девиците со повеќе мака, компликации и стрес ќе го одржуваат темпото и редовниот бизнис. Вашата планета Меркур во првите 10 дена ќе се наоѓа во јули во предизвикувачки аспекти со Плутон и Уран, па ќе бидете приморани брзо да реагирате и да решавате изненадни проблеми. Ќе работите под притисок и нема да гледате некој напредок во решавањето на работните задачи.

Љубов - Оние кои се во подолга врска или брак ги очекува комплициран однос со партнерот. Ваквите ситуации создаваат негативно делување, а вашиот владетел на партнерски односи, планетата Нептун, започна со ретроградно движење и создава магловити односи и ситуации. Слободните Девици во текот на овој период ќе пронајдат забава и опуштање во дружењето со старите другари. Помалку ќе ве интересира барање на партнер и љубов и ќе бидете среќни во друштво со пријателите.

Здравје - Ве очекуваат проблеми со стомакот.

Вага

Работа -
Во овој период Вагите имаат можност да се развиваат на работа и да го афирмираат нивниот бизнис. Во текот на јули, под позитивно влијание сте на Сонцето, Венера и Меркур во полето на вашата кариера, што ќе ви овозможи да се издигнете и високо да котирате во вашата бранша. Создадени се можности за прмена и се отвораат нови можности за контаки и напредување на вашиот бизнис. Фокусирајте се на побрзо донесување на одлуки и практични решенија без оглед на тоа што овој период ве мачат финансиски прашања.

Љубов -
Вагите кои се во брак ќе уживаат во хармоничен период со партнерот. Планетата Марс, владетелот на вашите партнерски односи започна да се движи директно кон вас/ Партнерот ќе се труди околу вас и ќе има интересни предлози за посетување на места кадешто можете да се опуштите, да пронајдете забава и уживање. Но, овие прекрасни моменти ќе ви ги уништат проблемите кои ќе ги предизвикаат вашите родители. Слободните Ваги изгледаат прекрасно и изобилуваат со шарм и енергија.

Здравје - Можни се вирусни и бактериски инфекции на уринарниот тракт.

Шкорпија

Работа
- Пред вас е доста успешен месец на работен план. После подолго време, вашата планета Марс оди директно во вашата прва куќа со засилена иницијатива на работа. Се' до 12 јули ќе ја разработувате тактиката и стратегијата на работа, а од моментот кога планетата Венера ќе го допре вашето поле на кариера, ситуацијата се менува и вие ќе започнете со големо задоволство да ги реализирате вашите амбиции. Од половината на месецот ви се отвора врата за напредок во вашата професија.

Љубов - Шкорпиите кои се во брак и долга врска, се' до половината на јули ќе се оддалечат од партнерот. Ова занемарување на партнерот ќе му пречи и може да се случи да предизвика огромни расправии. Свесни сте дека помеѓу вас постојат сериозни разлики во сфаќањето на животот и дека ова е и тоа како длабок проблем, отколку што изгледа на прв поглед. Со излегувањето на Венера од негативниот аспект со Плутон на 12 јули, постепено ќе престане да се продлабочува лошата ситуација и ќе се обидете да ги вратите љубовта и довербата. Почетокот на јули за слободните Шкорпии ќе донесе крај на една сексуална врска.

Здравје
- Одлично здравје во текот на целиот месец.

Стрелец

Работа -
За Стрелците работата и успешната кариера продолжуваат и во јули. Бизнисот ќе оди добро и ќе сакате да се усовршувате и развивате. Преуредувањето и модернизацијата бараат дополнителни средства кои вие сега не можете да ги издвоите поради нередовноста и доцнењето на оние кои треба да ви дадат пари. Веќе извесно време се зборува за распределба на работните задачи и вие на тоа чекате веќе подолго време и се надевате дека ќе добиете покреативна работа и ќе имате подобра позиција.

Љубов - Односите се'уште се напнати со партнерот, па ве очекуваат одредени непријатности, расправии и љубоморни сцени. Посебно се неповолни 1,2,9 и 10 кога Меркур, вашата планета на љубов, ќе биде во незгоден аспект со Уран и Плутон. Обидете се да бидете смирени и не навлегувајте во сериозни расправии со партнерот бидејќи сето тоа може да има и тоа како негативни последици. Слободните Стрелци ќе бидат расположени за дружење и излегување. Вашата слободна и весела природа ќе дојде до израз овој месец. Ќе флертувате и ќе уживате во новите искуства.

Здравје - Во текот на јули ќе имате поголеми здравствени проблеми па затоа добро би било да направите една детоксикација на организмот.

Јарец

Работа - Јули ќе се покаже за одличен месец за работни можности, па добро би било да ги искористите вашите контакти за да добиете одлична можност за работа. Промената на соработниците и формирањето нови договори постепено ќе ви донесат корист и ќе ви го унапредат бизнисот. Искористете го овој период за регулирање на сите законски обврски кон државата и соработниците. Во средината на месецот ве очекуваат некои конфликти на работното место, но бидете смирени и обидете се да избегнувате секаков вид на расправии со колегите и надредените.

Љубов - Зафатените Јарци ќе имаат усогласен и среќен период со партнерот. Партнерот ќе ви угодува и ќе ви покажува љубов, а вие ќе му возвратите. Ќе поминувате повеќе време дома и ќе бидете присутни скоро на сите семејни собиранки. Ќе уживате во заедничкото дружење и забавите. Слободните Јарци пак ги очекува одличен љубовен период. Се' до 21 јули ќе бидете активни во забавите и ноќните излегувања и ќе се впуштате во кратки летни авантури кои ќе ве исполнуваат.

Здравје - Ве очекува несоница и стомачни проблеми.

Водолија

Работа -
Планетарниот распоред во знакот на Рак и вашата шеста куќа на работа ќе создаде одлични можности и ќе ви овозможи да размислите за вашите промени и понатамошниот напредок на вашиот бизнис. Енергијата на Сонцето, Венера и Меркур кои делуваат од вашето работно поле ќе ви создадат услови за поврзување со влијателни бизнисмени чие пријателство, поддршка и идеја ќе ви донесе корист во блиска иднина. Во текот на јули ве очекува позитивна атмосфера на работа. Промените кои ќе настанат во компанијата ќе ви донесат напредок и одлична можност.

Љубов - Во овој период планетарните сили постепено пронаоѓаат рамнотежа помеѓу источната и западната хемисфера и за Водолијата ќе донесе стабилност и хармоничен однос со партнерот. Вашето заедничко секојдневие станува се' подинамично и поинтересно бидејќи често сте во друштво на партнерот. Слободните Водолии ги очекува неколку неуспешни обиди преку интернет да пронајдат партнер и љубов, а во втората декада на јули ќе се насочите кон реалниот свет и старите пријатели.

Здравје -
Ќе чувствувате умор и нервоза.

Риби

Работа -
Пред вас е далеку подобар и подинамичен месец. Најважно е тоа што овој период ве очекува стабилна финансиска ситтуација и регулирање на заостанатите долгови. Под позитивни влијание на планетата Марс, ќе ви пристигнуваат пари од вашите претходно добро повлечени бизнис потези и преку директна или индиректна соработка со странските компании. Се отвора пат за кооперативна соработка и здружување и вие ќе мора да се прилагодите на новите услови на работа, кои можеби ќе ви ја ограничат слободата.

Љубов
- За зафатените Риби, помалите семејни проблеми настанати од погрешна комуникација завршуваат на почетокот на јули. За тоа време, партнерот ќе ви помага и ќе покажува грижа, љубов и разбирање. Радоста ќе се врати во вашиот дом, а социјалниот живот ќе се подобри. Слободните Риби кои претходниот месец влегле во пократка врска може да доживеат непријатност од својот партнер и со тоа да се заврши врската.

Здравје - Подобрено здравје во текот на јули.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот