Што ве очекува на полето на љубовта, работата и здравјето овој декември?
Овен
Овен во новогодишниот подвиг е секогаш интересен и поучен пример. Вашата страсна енергија не познава граници. Особено сте посветени на усреќување на вашите најблиски. Со иста енергија рушите бариери и создавате нови работни стратегии.
Еднакво сте добри и во креативните професии и во технолошките предизвици. Малку сте агресивни, но секогаш добронамерни. Во љубовта е време за голема страст, а тоа е нешто што не смеете да го пропуштите. Кон крајот на месецот ќе патувате далеку од секојдневието, а годината што ја оставате зад вас нема ни да ја погледнете.
Здравје - За да имате повеќе енергија, треба да се грижите повеќе за себе и за вашата исхрана
Бик
Незадоволни сте со себеси кога бескрајно долго одложувате некоја задача. Ќе прифатите да го решите сето она што ви останало нерешено и незавршено, а ќе имате и наплив на креативна енергија. Ќе бидете фокусирани и јасно ќе ги поставите вашите приоритети. Чувството на завршување на одамна започната работа е бесценето.
Во љубовта понекогаш сте манично љубоморни, а понекогаш рационални и полни со разбирање. Искористете го краткиот стабилен период за обновување на комуникациите и блискоста. Пријателите се секогаш со вас, ви помагаат во решавање на дилемите и чување на сите ваши тајни.
Здравје - Постарите припадници на знакот може да имаат проблеми со крвните садови.
Близнаци
Се чувствувате како да имате сила да го промените светот и веројатно сте во право. Полни сте со корисни идеи, а интуицијата ви работи на високо ниво. Понекогаш разумот и чудното чувство во стомакот ви го кажуваат спротивното. Ќе морате да одлучите кому и за што да му верувате.
Одлични сте во сите комуникациски задачи, славата што ќе ја стекнете сега ќе ве следи долго време. Семејството и партнерот сметаат на вашата поддршка, но вие многу често сте попустливи и ги оставате другите да одлучуваат наместо вас. Изберете цел, тоа е првиот предуслов за приватен и работен успех.
Здравје - Водете сметка за имунитетот.
Рак
Уметноста во вас е подготвена да му ја покажете на светот. Покажете каква имагинација, креативност и соништа спијат во вас. Доста сте интуитивни и брзо ќе процените кога и кому треба да му ги покажете вашите дела или да ги споделите вашите мисли. Немојте да чекате на подобри денови, најдобриот ден е токму денес.
Романтични сте, но и несигурни во љубовта. Се чувствувате како да мора да се докажете. Самодовербата ќе ја побарате во промената на изгледот. Новогодишната тетоважа нека биде привремена, затоа што голема е веројатноста уште напролет да ви се здосади.
Здравје - Проблеми со варењето на храната.
Лав
Декември е месец во кој на светот му покажувате колку сте совршени, па затоа е толку убаво да се биде во ваше друштво и никој не може да се мери со вас. Дружењето и излегувањата ќе ви одговараат особено во овој период од годината.
Можеби сте маѓепсани од самите себе, но ни малку не сте глупави. Ќе забележите трагичен обид за лажење и ќе го казните по кратка постапка. Во слободно време заборавете малку на надворешниот сјај и насочете се кон вашиот приватен свет. На вашиот партнер му е потребна поддршката, па добро би било да бидете тука за него.
Здравје - Горе-долу солидно.
Девица
На стандардно критичната девица ѝ претстои одличен период. Празничното расположение успешно го држите под контрола со препуштање, критикување и гледање на часовникот - баш онака како што треба да оди по вашиот правилен редослед.
Опуштете се и обидете се да им простите на другите што хаосот го доживуваат како природна појава. Околу Нова година ќе ја промените плочата и ќе се претворите во мрзлива личност со розови мисли. Навистина не е фер да имате двојни критериуми, но толку сте слатки, што никој нема да ви се налути.
Здравје - Ќе страдате од несоница.
Вага
Крајот на годината ви донесува една важна животна лекција: животот е онаков каков што самите правиме да биде. Секое утро имате избор помеѓу депресивна реалност или светлото што го носат новите можности - ова се избори што треба да ги правите секој ден.
Во вас храбриот истражувач е подготвен за далечни патувања и нема сомнение дека ќе ја изберете возбудливата страна на животот. Краткиот период на безнадежност ќе помине за брзо време со помош на пријателите. На работа, моментално, не е поважно кого знаете, туку што знаете.
Здравје - Бидете физички поактивни.
Скорпија
Не залажувајте се, ако постои љубител на моќта и влијанието, тогаш тоа сте вие. Вниманието и јавните настапи се сосема друга работа. Дури и ако порадо би избегале, вие сте вистински професионалец и ќе ги одработите вашите јавни презентации професионално.
Хипнотизирањето на масата е уште еден од вашите скриени таленти. Ќе бидете доста чувствителни на енергијата на другите луѓе и вешто ќе го избегнувате дружењето што не ви одговара. Цинично очекувате разочарување, но новогодишното време на чуда нема да ве заобиколи. Оптимизмот ја отвора новата врата.
Здравје - Проблеми со желудникот.
Стрелец
Славењето не зависи од датумот, туку од вашето расположение. Овие денови сте полни со љубов кон блиските и благодарни што ве трпат во сите ваши изданија. Обновете ги запоставените пријателства, јавете им се на драгите луѓе, дајте некој совет и топол збор.
Во сериозните расправи сепак ќе останете неутрални. Нова година во вас го буди нагласеното враќање во детството, така што ништо не ве спречува сега да ја исполните желбата од одамна. Можеби е лудо или едноставно магично, но добро би било да го оставите детето во вас слободно да се радува.
Здравје - Одлично.
Јарец
Чудната комбинација на приватни и работни случувања целосно ќе ве збуни. Тешко се снаоѓате во сивите зони, но секоја лекција вреди злато. Уморни од сè, ќе побарате утеха во магијата на готвеното вино и калоричните залаци. Партнерот ќе ве поддржи во ова и постојано ќе биде покрај вас.
Напорно работевте цела година, па сега и вие смеете малку да уживате. Потребен ви е одмор од сè, дури и краток период на осаменост и медитација. Крајот на годината ќе го дочекате под топло ќебе на каучот, но во вас ковате поголеми планови за далечни и важни патувања.
Здравје - Не прејадувајте се во текот на новогодишните празници.
Водолија
Вие сте вреден работник со голем капацитет за големи проекти. Особено ќе бидете брилијантни во комуникацијата и продажбата. Работните случувања за брзо време ќе се истакнат пред емотивните случувања. Но некој ќе ве освои и целосно ќе ја помати вашата објективност.
Бидете паметни и сетете се на вашите грешки од минатото. Склони сте кон препуштање на неминовноста и зборовите, но немојте после да се жалите на неуспех. Одвреме-навреме добро би било да покажете дека знаете да бидете господар на сопствената судбина. Љубовта е на земјата, но вие летате на облаците.
Здравје - Проблеми со колената.
Риби
Се чувствувате кралски, па и очекувате таков третман. Иако најдобро функционирате во пар, во недостиг на внимателен и романтичен партнер, подготвени сте самите да си создадете гламурозен живот. Вашата уметничка и имагинативна страна ќе ве покаже во најдобро светло.
Ќе го доживеете светот со сите сетила, а тоа ќе се види и во вашите дела. Успешни сте во сè што ќе допрете, без разлика дали тоа е пишување или готвење. Празниците ќе ве повикуваат на хедонизам.
Здравје - Не прескокнувајте ја редовната физичка активност.