Најновите превирања во УКИМ, СПУКИМ, и најавата за форимрање на нов Универзитет за национална одбрана и мир „Дамјан Груев“, уште еднаш ја покажува острата намера на власта за пресметка со институциите кои нема начин на којшто можеш да ги контролираш, освен да ги дисквалификуваш, понижиш или системски да ги уништуваш.
Одлуката на Собранието (повторно половично како и со државниот испит, без опозиција) за формирање на нов државен Универзитет за национална одбрана по скратена постапка, е уште еден доказ на системското уништување и девалвирање на најстариот и најдобриот Универзитет во Македонија, „Св. Кирил и Методиј“. Имено и во самиот говор на еден од пратениците од Парламентарното мнозинство, беше насочен кон тоа дека новоформираниот Универзитет е за да биде конкурентен на УКИМ, и да го уништи „монополот“ којшто досега го имал УКИМ. Небулоза на којашто што и да коментираш можеш да згрешиш, поради тоа што ваков негов коментар, незаслужува ниту реакција, ниту реплика. Но за жал овој негов говор од Собраниската сала за прес-конференции, мора да го имаме предвид затоа што неговите зборови стануваат за жал реалност, имено тие ги креираат државните политики, за жал.
Овде би наброил неколку нејаснотии околу формирањето на новиот Универзитет „Дамјан Груев“. Овој универзитет најавија дека студенти ќе прима веќе на есен, не јасно каде ќе има седиште овој Универзитет, истотака финансии не се обезбедени, а не е јасно ниту каков кадар ќе предава таму. Според некој информации, (доколку се точни) ќе предаваат и луѓе кои не се доктори на науки. Ова е втор обид после Универзитет Гоце Делчев, да се отвора нов Универзитет кој ќе пробува да биде конкуренција на УКИМ. Според мене, овие Универзитети, после ова системско рушење на високото образование, треба да се стават на маргините. При еден куп на приватни Универзитети, еден куп на дисперзирани студии во секои село и гратче, сега еве уште еден Универзитет, со сосема нејасен концепт за работа, без седиште каде што ќе држи настава, и комплетно без никаква потреба за формирање на истиот.
Деновиве, бевме сведоци и на изборот за рекотор при УКИМ. На денот на изборот група студенти од Студентскиот Парламент, и од други студентски организациии го блокираа влезот во Ректоратот, се со цел да предизивикаат поголема заинтересиранот на ректорската управа, околу случувањата во СПУКИМ, и нивниот легалитет како претставници. Имено, Кирил Спировски како самонаречен Претседател на СПУКИМ, неговиот мандат е истечен веќе две години, а тој сеуште себеси се доживува за Претседател, што е небулозно. Изборите се расишани за избор на нов студетнски претсавник во СПУКИМ, но и тие се комплетно нелегитимни затоа што нема никакво објаснување за тоа како да се членува во СПУКИМ, како да се кандидираш, и кој воопшто гласа. Овие прашања се секојдневни по факултетските аули. Овој хаос со СПУКИМ, мора да наиде на решеније, барем така вети и ново избраниот ректор Јанкуловски.
И на крајот, дечки да не оставиме да го уништат најстариот Унивезитет во Македонија. Овој Универзитет има традиција, има своја историја, од овој Универзитет излегуваат кадри кои досега ја крепат Македонија. Да не дозволиме да не понижуваат и девалвираат. Професорите се на таргет, студентскиот пленум го направи можеби и најголемиот удар кон оваа владеачка гарнитура, најверојатно жедни се за освета, друго објаснување за овие настани немам. АВТОНОМИЈА ЗА УКИМ, ДА ГО СПАСИМЕ СИСТЕМАТСКОТО УНИШТУВАЊЕ НА ВИСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, ЗА ТОА СМЕ ДОЛЖНИ.
Пишува: Стефан Васев, апсолвент на Институт за родови студии, УКИМ.
Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.