X
 01.06.2020 Образование

Почна трката - на 17 јуни ќе се избира ректор на УКИМ

Најголемиот универзитет во земјава - „Св. Кирил и Методиј“ го објави огласот за избор на ректор за мандатниот период од 15 септември оваа година до 15 септември 2023 година. Според пропозициите во конкурсот, гласањето за ректор ќе се одржи на 17 јуни, од 12 до 14 часот.

Огласот го распиша претседателот на Универзитетската изборна комисија, проф. д-р Пламен Тројачанец. Минатата недела пред Ректоратот на УКИМ на седница на отворено се избираа членовите на Универзитетската изборна комисија, која требаше да ги распише изборите за нов ректор. Според пропозициите, на 26 јуни до крајот на денот треба да се објават конечните резултати од изборот на ректор.

Вака ќе се одвиваат изборите (извор: УКИМ)





Целосната документација од конкурсот можете да ја видите ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование