Петок е ден за алтернативни предавања на Филолошки/Филозофски факултет! Овојпат предавањето ќе го одржи проф. д-р Владимир Петрушевски.
„Експериментот на Милграм: Покорноста кон авторитетот“ е темата на која проф. д-р Владимир Петрушевски ќе говори во амфитеатар 3 на Филолошкиот/Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Ова предавање е само едно во низата алтернативни предавања кои се одржаа на факултетите во Скопје. Алтернативните предавања се начин на кој студентите ја зачувуваат автономната зона на факултетите и им помагаат на своите колеги да дознаат повеќе за студентските права, автономијата на факултетите итн.
Денес, со почеток од 13:00 часот Петрушевски ќе зборува за експеримент кој бил спроведен во 1961 година во САД, а кој ги истражувал односите на послушност и непослушност на една личност кон некоја авторитарна фигура. Експериментот бил резултат на барањето објаснување за злосторствата предизвикани во нацистичка Германија.
Повелете на предавањето на ФЛФ/ФЗФ во 13:00 часот.
Настанот го има и на
„Фејсбук“.