X
 24.02.2022 Забава

Прекрасен момент меѓу две лисици фатен на камера

Постојат многу заблуди за лисиците, а фотографката за диви животни Розелиен Рајмонд се надева дека ќе докаже дека барем некои од нив не се точни. Нејзината последна серија на фотографии докажува дека додека лисиците се осамени ловци, тие имаат и односи со членовите на своето семејство. Овие шармантни фотографии ги доловуваат лисиците, млади и стари, во нивните моменти на нежност.

Со седиште во Холандија, Рајмон се движи низ природата за да фотографира лисици повеќе од 10 години. Иако научила многу за нивното однесување и знае да чита поголем дел од нивниот говор на тело, таа сепак открива нови факти за овие животи секојпат кога ќе излезе да ги проучува.

- Лисиците се многу интелигентни животни со сопствен ум, тие имаат цела низа на однесувања и лични избори. Постојано се приспособуваат на околностите за кои можеби не сме свесни, па затоа е тешко да ги предвидиме - вели таа.

Повеќето луѓе веруваат дека лисиците се животни што живеат сами. Рајмонд појаснува дека иако ова се однесува на начинот на кој тие ловат, не важи за нивниот социјален живот.

- Се вели дека мажјакот и женката лисици се поврзуваат доживотно, а од она што го видов, може да се каже дека е вистина. Сум видела многу лисици како се парат и делат територија што главно ја бранат женките. Во слободните моменти тие се капат и се гушкаат - додава таа.

- Семејните врски се многу силни. Ќерките од „претходниот брак“ помагаат во одгледувањето на новите младенчиња играјќи со нив, носејќи им храна и учејќи ги како да ловат. Понекогаш овие возрасни ќерки остануваат со нивните мајки со години за да ги научат сите потребни вештини. Иако можеби не ја знаеме прецизната врска на лисиците прикажани на фотографиите, јасно е дека споделуваат посебна врска и сакаат да ја изразат љубовта преку физичкиот допир - вели Рајмонд.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Roeselien Raimond
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава