X
 04.07.2016 Образование

Без оцени и класични часови - Училиштето кое го менува образованието

Антон Оберландер е убедлив говорник. Изминатата година, тој заедно со група пријатели успеале да убедат железница да им даде бесплатни билети за патување. Треба да се спомене дека Антон има 14 години.


Самодовербата на овој берлински тинејџер е резултат на уникатна образовна институција која ги менува правилата на традиционалното предавање. Во училиштето на Антон нема оцени се' додека учениците не наполнат 15 години и нема класични предавања. Учениците откриваат кои предмети сакаат да ги учат за која лекција и што сакаат да полагаат на тест.

Задолжителните предмети во училиштето се математика, германски јазик, англиски јазик и социјални науки, со што се земаат и предмети како „одговорност“ и „предизвик“. Како предизвик, учениците на возраст од 12 до 14 години добиваат 150 евра за да одат на авантура која целосно ќе ја планираат самите. Некои одат да кајакарат, а други да работат на фарма.

Филозофијата позади ова училиште е едноставна: како што се менуваат барањата на пазарот на труд и телефоните и интернетот го менуваат начинот на кој младите ги користат информациите, најважната вештина на училиште станува способноста за мотивација.


Ова училиште е Евангелискиот образовен берлински центар. Тие се обидуваат да го променат концептот за добивање образование.

„Мисијата на прогресивното училиште треба да биде да се подготват младите луѓе за соочување со проена или уште подобро, да се поттикнат да ја очекуваат промената. Во 21 век училиштата треба да сфатат дека нивна работа е да развиваат силни карактери“, велат од училиштето.

Учениците во ова училиште се охрабрени да размислуваат на други начини за да ги докажат своите добиени вештини, како да програмираат компјутерска игра наместо да решаваат тест по математика.

Училиштето постои од 2007 година, кога имало само 16 ученици. Денес, училиштето работи со полн капацитет со 500 ученици и долги листи на чекање за нови пријавени.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование