Повеќе од една третина од храната произведена во Америка станува отпад, што значи дека околу 50 милиони тони храна годишно се фрлаат в ѓубре. Уште поалармантно е тоа што еден од седум луѓе се соочува со глад.
Затоа, едно училиште во Индијана дошло до генијална идеја во борбата против овие два проблема. Училиштето се здружи со локална програма за спасување на храната за да се осигура дека остатоците од училишната кантина нема да одат во отпад, туку кај децата што немаат доволно храна во нивните домови.
Училишната област Елкхарт заедно со непрофитната организација „Култивејт“ ги препакува преостанатите прехранбени продукти од ручекот и им ги дава на учениците што немаат доволно храна дома. На овие ученици им се дава појадок и ручек во училиштата, но програмата им обезбедува и здрава храна за дома.
Фото: WSBT
Моментално 20 ученици имаат корист од програмата.
Неискористената храна од ручекот се претвора во пренослива замрзната вечера за децата да ја земат дома. Секој петок учениците дома носат осум замрзнати оброци и ќе продолжат да го прават тоа до крајот на учебната година.
Џим Конклин од „Култивејт“ вели дека добро приготвената храна ја комбинираат со друга храна, па потоа ја замрзнуваат. Организацијата се надева дека програмата освен што нуди храна, ќе помогне и во едуцирање на членовите на заедницата за отпадот од храната.
Американскиот оддел за земјоделство веќе некое време го нагласува проблемот со отпадот од храната во училишните кантини. Според нив, справувањето со овој проблем од училиштата бара да користат различни стратегии, како што е донирање на вишокот храна во добротворни организации.
Фото: WSBT
Организацијата се надева дека идејата ќе се прошири и во другите училишта во САД, а и во
училиштата низ целиот свет.