X
 01.03.2021 Живот

Интересни факти што не сте ги учеле на училиште

Учењето е процес што се одвива во текот на целиот живот и може да ви донесе голема радост. Но, училиштата и работните места често пати стануваат места каде што не се развива имагинацијата и луѓето честопати не се мотивирани да научат нешто ново.

За среќа, и понатаму можете да дознаете нови информации и да научите нешто плус, секако, доколку самите сакате да се надградувате.

На социјалната мрежа „Редит“ се појави „подредит“ наречен „Денес научив“. Така, оваа интернет-заедница има речиси 25 милиони членови кои постојано споделуваат интересни факти на кои налетале, па може да се каже дека е една од најдобрите „енциклопедии“ на интернет.

1. Откако јапонската нуклеарна централа во Фукушима во 2011 година беше оневозможена да работи поради цунамито и земјотресот, постарите Јапонци доброволно се пријавувале за нејзина поправка, за да ги спасат младите да не се изложуваат на радијација.

2. Откако „Универсидад дел Мар“ беше затворен од чилеанската влада поради големи финансиски нерегуларности, уметникот Папа Фритас успеал да влезе во трезорот и да ги запали договорите за школарина на студентите во износ од 500 милиони долари, и со тоа го отежнал процесот на докажување дека студентите му должат пари на универзитетот.

3. Семејството Кири е семејство со најмногу Нобелови награди. Марија Кири освоила две Нобелови награди за физика и хемија, нејзиниот сопруг Пјер Кири добил Нобелова награда за физика, а нивната ќерка Ирена Жолио-Кири освоила Нобелова награда за хемија.

1
Фото: Freepik

4. Некои слонови јадат одредено дрво за да предизвикаат породување - истиот вид дрво од кое жените во Кенија варат чај за истата цел.

5. Во 2015 година авион принудно слетал откако екипажот добил индиции за чад во товарниот дел. Излегло дека чадот бил предизвикан од испуштањето гасови на 2.186 овци што се наоѓале во авионот.

6. Пингвините можат да пијат солена вода поради жлездите што се блиску до нивните очи, а кои ја отстрануваат солта од крвотокот, потоа преку кивање ја исфрлаат солта.

7. Џингис-хан ја оженил неговата ќерка со кралот на сојузничката нација. Потоа го поставил својот нов зет на воена должност во монголските војни, додека неговата ќерка го презела владеењето. Повеќето зетови починале во војна, со што неговите ќерки целосно ги контролирале овие нации.

8. Истражувачите откриле дека тест на крвта наречен „Пансир“ открил рак кај 95 отсто од пациентите до 4 години пред да добијат конвенционална дијагноза. Тестот утврдува дали ДНК во крвната плазма има тумори врз основа на прецизност на одредени метил групи.

9. Потрагата за откривање и земање на остатоците од катастрофата „Челинџер“ во 1986 година резултирала во откривање на 13 бродоломи, два изгубени авиони и 25 килограми кокаин.

10. 11-годишно девојче не можело да си дозволи да си купи патики за трчање, па ги обвиткало нозете во лента и на неа го нацртало логото на „Најк“. Девојчето освоило неколку златни медали на локални натпревари.

2
Фото: Reddit

11. Нов Зеланд не е дел од ниту еден од признаените седум континенти во светот и всушност се наоѓа на потопениот континент Зеландија.

12. Агата Кристи е третата најобјавувана авторка на сите времиња. Во продажба единствено ја надминале Шекспир и Библијата. Нејзините книги се продадени во повеќе од милијарда примероци на англиски јазик и една милијарда повеќе на 100 различни јазици.

13. Секогаш кога спиеме во непозната околина само половина од вашиот мозок се одмора добро, додека другата половина стражари.

14. Мексико била единствената земја што протестирала против германската анексија на Австрија.

15. „Ју-ес-ес Њујорк“ е брод во американската морнарица делумно направен од челикот од урнатиот Светски трговски центар, откако беше уништен во 9/11 нападите. Мотото на бродот е: „Сила искована преку жртва. Никогаш да не заборавиме“.

16. Оксфордскиот универзитет е толку стар што не се знае кога точно бил основан, а најраните докази за настава се од 1096 година.

oksford
Оксфордскиот универзитет/Фото: Wikipedia

17. Понке Принсен, холандски антинацистички борец, бил испратен во Индонезија да го потисне антиколонијалниот бунт. Принсен, откако бил сведок на воени злосторства во Холандија, пребегнал да се бори со герилците во 1948 година. Подоцна помогнал во откривањето на антикомунистичките масакри на индонезискиот диктатор Сухарто.

18. Селотејпот бил измислен од Веста Штудт, работничка во фабрика за време на Втората светска војна и мајка на 2 сина што биле во морнарицата. Кога нејзините надзорници од фабриката ѝ ја отфрлиле идејата, таа му напишала писмо на претседателот Рузвелт, а тој ѝ наредил на компанијата „Џонсон и Џонсон“ да ја произведе нејзината идеја.

19. Пулсот на Нил Армстронг се зголемил на +150 кога НАСА му ја предала контрола за слетување на Месечината.

nil
Фото: Reddit

20. Јапонскиот крап одгледуван надвор од Јапонија во просек живее 15 години, додека просечната возраст на јапонскиот крап е 40 години. Најстариот крап, со најдолг животен век бил Ханако, кој живеел од 1751 до 1977 година, односно 226 години.

21. Постои ресторан со шпионска тематика наречен „Сејф хаус“. Ресторанот бил отворен во 1966 година и има скриена локација со таен влез. Потребна е лозинка за да влезете, а доколку не ја знаете, ќе мора да извршите одредени задачи што ќе им бидат емитувани на луѓето во ресторанот.

22. Поранешниот извршен директор на „Кока-кола“, Роберто Гоизуета, е првиот човек што стана милијардер со тоа што бил вработен, а не основач на компанија (или наследник).

Извор: Bored Panda
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот