X
 13.07.2016 Култура

Како би изгледал одморот на Британците во ЕУ после Брегзит?

Ако постои еден начин на кој Британците се поврзуваат со Европа, тоа е кога ги пакуваат торбите и одат на одмор. Но, како одморот изгледа после Брегзитот?

 

2


Милион бритнски туристи ќе се упатат кон Европа ова лето, и ќе се соочат со континент во кој нивниот пасош останува валиден, меѓутоа се' се менува. Што тие можат да очекуваат?

„Не постојат индикации дека нешто ќе се промени после Брекситот. Шпанија и понатаму е број еден дестинација за Британците ова лето, и не мислам дека „љубовната афера“ на Британците со Европа ќе се промени. Ако постои нешто што Британците го сакаат, тоа е да одат на одмор“, вели Боб Аткинсон, експерт од TravelSupermarket.com.

Поголемото прашање е дали Британците можат да си го дозволат патувањето? Еден месец пред референдумот, Дејвид Камерон ги предупреди неговите граѓани дека типичниот семеен одмор во Европа ќе се зголеми за 230 фунти ако Британија одлучи да замине од ЕУ. Иако оваа бројка беше отфрлена, Аткинсон проценува дека врз основа на опаѓањето на фунтата, ќе биде 10 до 15% поскапо да се оди на одмор во ЕУ отколку претходното лето. „Во моментов ништо не е променето освен вредноста на фунтата. Секој кој резервирал одмор не треба да се грижи, меѓутоа ако немаат плалтено за одморот во готово, тогаш Британците може да платат малку повеќе за работи како сместување ова лето. Најдобро би било да се одлучат за all-inclusive бидејќи цените се поставени уште пред Брекситот“, вели тој.

Според анкета објавена пред референдумот, мнозинството Европејци верувале дека Брексит би ѝ наштетил на ЕУ. Во серија истражувања направени од резултатите, се зголеми поддршката за ЕУ. Како ова мнозинство ќе одговори кога Британците ќе се појават во европските одморалишта, плажи и градови, останува да видиме. „Ако сте вклучени во туризмот воопшто не се грижите која националност се луѓето, се' додека доаѓаат и трошат. Грција и Шпанија имаа тешки години па тие ќе им посакаат добредојде на сите. Поголемиот дел од Европејци сакаат да ги охрабрат Британците да продолжат да доаѓаат на одмор и покрај тоа што ја напуштаат ЕУ“, вели Аткинс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура