X
 05.07.2018 Живот

Зошто треба да застанете за момент и да не правите ништо

Во 50-тите години на 20 век, поради сите технолошки иновации што почнаа да го олеснуваат животот, научниците биле загрижени дека луѓето нема да знаат што да прават со слободното време. Денес, социологот Џулиет Шор предупредува дека луѓето работат сѐ повеќе часови.

Ова сигурно има врска со тоа дека моменталниот и постојаниот пристап до електронски уреди стана обврска - на нашите телефони или компјутери постојано пристигнуваат пораки, итни известувања, вести, а одговорот се бара што побрзо.

Сите тие објави нѐ вознемируваат во нашето слободно време што го поминуваме со семејството или пријателите. Во текот на минатиот век Сајмон Готшалк од Универзитетот во Невада се обидел да ги сфати социјалните и психолошките ефекти на растечката интеракција со новите информации и технологиите на комуникација, и оваа тема ја обработил во книгата „The Terminal Self: Everyday Life in Hypermodern Times”.

Сите 24 часа сме „вклучени“, па сфаќањето дека не работиме ништо изгледа нереално. А никогаш не било поважно, колку што е важно денес, да имаме слободно време. Во период на неверојатниот напредок што може да го подобри нашиот човечки потенцијал и здравје, зошто секојдневниот живот стана толку напорен и предизвикува анксиозност? Зошто сите овие нови работи не го направија животот поедноставен?

На ова комплексно прашање не е лесно да се одговори, а еден од начините да се објасни оваа нерационална состојба е силата на забрзување. Според германскиот теоретичар Хартмунт Роси, забрзаниот технолошки развој предизвикал забрзување на промените на социјалните институции.

- Колку повеќе е-пораки примиме, толку повеќе време ни е потребно за да ги обработиме, а тоа бара оваа или некоја друга задача да ја извршиме за пократко време, да извршуваме неколку задачи наеднаш или да трошиме помалку време за читање е-пораки и одговарање  - вели тој.

Јасно е дека забрзувањето бара повеќе работа, но каде е крајот? Денот има толку саати колку што има, а тоа дополнително трошење на енергија ги намалува шансите на поединците да се вклучат во други активности во животот, семејство, слободно време, заедница. Забрзувањето е магичен круг, создава стрес кај човекот и ја ограничува неговата способност да управува со ефектите на стресот, со што состојбата се влошува.

Многу истражувања и многу духовни и филозофски системи на будизмот ја истакнуваат потребата за одделување од секојдневните грижи и поминување време во едноставни мисли и контемплација бидејќи тоа е клучно за здравјето, личното растење и развој. Исак Њутн го сфатил законот за гравитација седејќи под јаболкница.

Архимед го открил својот закон лежејќи во када, а Ајнштајн бил познат по тоа што со часови гледал во небото. Да не правите ништо е еднакво добро и важно.

Клучот е во рамнотежата. Иако е тешко од еден доста збиен распоред и забрзан живот да преминете во состојба во која нема да правите ништо, првиот чекор е забавување. Еден од начините е исклучување од сите технолошки уреди што ве поврзуваат со интернетот, на некое време.

Данците откриле дека студентите што се одделуваат од „Фејсбук“ само на една недела имале значително зголемување на нивото на задоволство во животот и позитивни емоции.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот