X
 16.07.2016 Култура

Војската изврши државен удар во Турција

turcija

 

Светот будно ја следи ситуацијата во Турција, кадешто армијата вечерва се обиде да изврши државен удар.


Од Белата куќа и Стејт департментот велат дека немаат доволно информации и будно следат што се случува во Турција. Американската амбасада во Анкара ги повика граѓаните да не излегуваат на улиците.

Белгискиот премиер Чарлс Мишел изјави дека белгиските власти внимателно го следат она што се случува во Турција и на своите државјани во Турција им препорачуваат да останат во своите домови.

Ројтерс пренесува дека француските власти ги повикаа своите граѓани кои живеат во Турција да останат во домовите бидејќи ситуацијата е сериозна.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган преку Скајп за медиумите даде изјава во која ги повикува граѓаните да излезат на улица и да ја поддржат демократијата. Како што рече Ердоган, ова е чин охрабрен од „паралелните структури“, и дека на обидот за пуч ќе се одговори соодветно.

Тој ги повикува граѓаните да се обединат за соодветно да се одговори на обидот за пуч, и верува дека се' ќе биде решено во најкраток можен период.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура