Постои одредена убавина и сила во слабоста, како што велат некои. Но, понекогаш нееднаквоста меѓу луѓето носи само тага. Таков е случајот со семејното насилство, акутен, но сепак често неискажан проблем низ целиот свет.
Еден уметник од Турција го смета овој проблем за многу важен, па успеа да најде начин да ја подигне свеста на своите сограѓани, докажувајќи им дека не смее да се игнорира. Освен тоа, ова е одличен начин да им се оддаде почит на жртвите на ова ужасно насилство.
Овие 440 пара чевли беа поставени на ѕидот на една зграда во Истанбул, Турција.
Слушаме доста приказни за семејното насилство врз жените од секој агол на светот и тоа е една од најчестите причини за насилна смрт кај жените. Што се однесува до работите во Турција, овие бројки говорат за фактот дека околу 40 отсто од жените таму страдале од семејно насилство, а некои случаи имаат трагичен крај.
Во потрага по подигнување на свеста, уметникот и графички дизајнер Вахит Туна добил идеја за споменик на кој никој не би можел да остане рамнодушен.
Уметникот рече дека инспирација за споменикот е тоа што прочитал многу пораки за проблемот на социјалните медиуми. Тој бил свесен дека тие приказни брзо исчезнуваат, па затоа сметал дека е потребен потсетник што не може да помине незабележано долго време.
Тој ги избрал високите потпетици како симбол на женска моќ и независност што им ги посакува на сите жени. Високите потпетици никогаш не им припаѓале на жртвите, туку се културен гест.
Уметникот вели дека ги избрал
потпетиците поради естетски причини. Од друга страна, пак, тој е контрадикторен и вели дека потпетиците може да се сметаат како симбол на жените што се вработени, што можат да се грижат за себе и не зависат од сопружниците. Тој смета дека знаењето е моќ и затоа е важно да се знае проблемот и како човек да се справи со него.