X
 20.07.2016 Технологија

Како да го подобрите вашето интернет искуство?

Споро отворање на страници. Заборавени лозинки. Политички проблеми. Интернетот иако е доста корисен, во исто време е извор на анкциозност и фрустрација за корисниците. За среќа можете да ги наместите шансите во ваша полза со едноставни хакерски трикови.


1. Благ блок на социјалните мрежи

Понекогаш некој ваш добар пријател објавува работи кои на вас не ви се допаѓаат. Секако бришењето или блокирањето на оваа личност не се опции. На Фејзбук постои Unfollow копче кое ќе направи да не ги гледате објавите но се уште да останете пријатели. На Твитер финтата е слична, само што ќе треба да го барате Mute копчето.

2. Кратенки со тастатурата

Control + Enter ќе стави „www” и „.com” на се што ќе пишувате во делот за веб страницата. Control + Shift + R ќе го исчисти кешот и ќе ја рестартира интернет страницата. Control + Tab ќе ве однесе брзо до следниот таб на интернет прозорецот.

3. Избришете стара електронска пошта 

Сите од нас имаат по неколку е-пошти кои не ги користат. Тогаш зошто да не ги избришете? Сите МСН и Г-мејл имаат копчиња за бришење. Додека е малку потешко да избришете јаху пошта. Треба прво да се вклучите, а потоа на нов таб да отворите Yahoo termination.

4. Одлогирајте се од Фејсбук

Доколку сте се вклучиле од друг компјутер и сте заборавиле да се одјавите, не се грижете. Отворете Settings и потоа Security. Таму ќе можете да видите од каде се имате вклучено и кога.

5. Приватно пребарување

Сите пребарувачи имаат приватни опции за пребарување кои не ги памтат вашите отворени страници. На Internet Explorer, приватното пребарување го добивате со кликање на Settings а потоа на Safety. Потоа имате опција за приватно пребарување или едноставно користете Control + Shift + P. Доколку користите Chrome едноставно идете на основното мени а потоа изберете New Incognito Window.

6. Неми е-мејлови

Доколку ви стигнуваат пораки кои вие не сакате да ги читате, можете да ги стишите многу лесно. На Г-мејл кликнете на табот „повеќе“ и потоа одберете Mute. Додека користите Outlook можете да ги игнорирате. Едноставно најдете го Ignore копчето во почетното мени.

7. Мала брзина на Јутјуб

Гледајќи видео сте го пропуштиле важниот момент па го повторувате но е пребрзо? Можете да ја одбете опцијата споро движење на Јутјуб или само долго да го стиснете Space копчето од тастатурата додека видеото е пуштено.

8. Тргнете ги рутерите далеку од електрониката

Доколку сакате подобри перформанси на вашиот wi-fi, знајте дека местото на рутерот не е дел од проблемот. Всушност доколку рутерите се преблиску до други електроники може да влијаат на вашиот wi-fi. Тргнете го рутерот од телевизорите, звучниците и слично. Така ќе се подобри конекцијата за неколку чекори.

9. Копирајте без форматирање

Сите ја кортста финтата со Ctrl + C за копирање, па потоа Ctrl + V за отчитување на оригиналната верзија. Но понекогаш знаат да се измешаат досадните графици. Затоа можете да копирате без форматирање. Едноставно во вториот дел од оваа постапка стиснете Ctrl + V.

10. Најдете онлајн серии и видеа

Доколку гледате нова серија која штотуку издала нова епизода, и ви треба страница од каде ќе најдете, ние имаме решение. Само одете на CanIStream.it за да ја видите серијата каде се емитува и од каде може да ја гледате.

11. Создавајте ПДФ каде и да одите

Многу луѓе во својот дом немаат скенер или копир, па праќањето документи може да биде отежнато. Сега можете да го користите вашиот телефон барем како скенер. Симнете апликации како Genius Scanner или PowerPDF за да сликате документ, да го претворите во ПДФ и да го пратите каде што треба.

12. Играјте ги вашите стари омилени компјутерски игри

Носталгијата е моќна работа, и понекогаш сакате да се чувствувате како дете. Постои страница која нуди голем број на оригинални компјутерски игри, и се вика Software Library.

13. Заклучете го компјутерскиот екран

За да го заклучите компјутерот едноставно притиснете Windows копче + L. За да го отклучите ќе треба повторно да се вклучите и се ќе биде како што сте го оставиле пред да го заклучите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија