X
 20.01.2018 Технологија

Виртуелна соба за разговор „експлодира“ од популарност

соба
Фото: YouTube/Printscreen

„Ви-ар-чет“ претставува еден вид социјален простор каде што играчите со или без ви-ар уреди можат да извршуваат различни активности - разговор, играње мини-игри и дружење.

Според веб-страницата „СтимСпај“, изминативе две недели една виртуелна соба за разговор добила милион нови играчи, и сето тоа благодарение на едно меме.

За ова меме веројатно голем дел од вас знаат - „Југанадн Наклс“ што стана популарно кон крајот на минатата и почетокот на оваа година. Ова е еден вид „изобличена“ верзија на ликот од серијалот „Соник“, чиј модел, покрај многу други, играчите масовно го преземаат за да го искористат како аватар во играта.

Играчите масовно се собираат во „армија“ и ја започнуваат потрагата по кралицата која ќе ги однесе на вистинскиот пат, а тие почнуваат да се радуваат произведувајќи чудни звуци.

Додека на некој ова му е смешно, на други им е иритирачко и им пречи, меѓутоа, едно е сигурно - „Ви-ар-чет“ од ден на ден станува попопуларен со многу играчи.

Ова секако значи и повеќе работа за тимот за развој, што се труди социјалниот простор да го одржува да биде што покоректен, така што се банира секој што ќе се послужи со погрден јазик, говор на омраза, навреди и други несоодветни форми на однесување кон другите корисници.

Ќе биде интересно да се види во која насока ќе оди „Ви-ар-чет“ и како тимот за развој ќе успее да се соочи со ненадејната огромна популарност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија