X
 11.03.2016 Технологија

Колку интернет трошат најкористените апликации за разговор?


Апликациите за разговор стануваат сè повеќе популарни бидејќи се едноставни за користење, но и добри за финансиите. За да ги користите потребен ви е само интернет. Со овие апликации е овозможено допишувањето, разговарањето или водењето видео-разговори бесплатно. Дали ве интересира колку интернет трошат овие апликации?

Врз основа на резултати од тестирање спровдено на нови модели на мобилни телефони кои имаат оперативен систем „Андроид 5.0“, се добиле следните резултати за трошењето интернет со апликациите:

- Skype: 0,89 мегабајти во минута;
- WhatsApp: 0,79 мегабајти во минута;
- Hangouts: 0,63 мегабајти во минута;
- Viber: 0,55 мегабајти во минута;
- Line: 0,41 мегабајти во минута;
- Facebook Messenger: 0,38 мегабајти во минута.

Според тестот, „Skype“ троши најмногу интернет, но оваа апликација обезбедува најквалитетен разговор. Од друга страна „Facebook messenger“ троши најмалку интернет.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија