X
 23.07.2016 Наука

Што научивме од римските згради за науката и инженерството?

Физичарите имаат репутација да бидат многу арогантни дури и кон други научници, без некоја посебна причина. Еден од најчестите примери од овој вид се навредите на некои проблеми како „само инженерство“.


Кога го кажуваме ова, мислиме дека научното прашање веќе е решено и дека е само работа со соодветни технологии за да се направи попристапно на комерцијална база. Овој начин на гледање на работите најмногу ги опфаќа студентите по инженерска физика, кои сметаат дека цела физика е работење практично, иако клучот на секој проблем е наоѓање на вистинската формула.

На пример, Пантеонот, кој е навистина вчудоневидувачки кога ќе влезете прв пат таму, посебно кога знаете дека е стар 1900 години. Како бил изграден е навистина инженерски проблем. Основната физика верува во ист баланс на силите како и кај сите здраги, со мала компликација од тридимензионалноста. Од надворешноста постојат напони околу прстенот на отворите. Сепак клучниот проблем останува ист: поставување на компонентите на таков начин да силите сакаат да ја пристискаат структурата заедно, бидејќи бетонот е силен при стеснување.


Силите вмешани во држење на бетонот претставуваат предизвик, и неговите создавачи поставиле број на генијски трикови за да се задржи целата конструкција споена. Целата конструкција се состои од тежок камен, полесен камен, па дури и цигли.

Ова целосно ја намалува тежината на бетонот, додека пружа најдобра материјална сила во деловите каде го држат најтешкиот товар. За да го избегне ширењето, тие имаат додадено степенасти прстени на надворешноста. Од внатре е совршена хемисфера, но од надвор изгледа сплескано. Дополнителниот товар притиска се надолу, без да се шири наоколу.

Ова е импресивно паметно дело, од, за жал, анонимни римски архитекти и инженери.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука