X
 29.07.2016 Култура

Изуми на Леонардо да Винчи за кои веројатно не сте слушнале

Автономни возила, хуманоидни роботи и примтивен компјутер се некои од работите кои ги измислил Леонардо да Винчи. Нова изложба во Лондонскиот музеј го открива ова. Леонардо да Винчи бил вистински ренесансен уметник - со страст за геологија, геометрија, астрономија, математика, ботаника, пиротехника, оптика и зоологија.


Помеѓу другото, тој прв објаснил зошто небото е сино и напишал дека за секоја акција има реакција 200 години пред да се роди Њутн. За него се зборува дека ги измислил ножиците, но тој имал и некои почудни изуми. Тој дури и нацртал скица на град во кој се' е совршено.

Стотици белешки на Леонардо биле откриени дури во 19 век. На 500-годишнината од неговото раѓање во 1952 година биле откриени и нови 39, кои биле создадени користејќи ги материјалите кои би ги користел тој. Овие модели, заедно со други, се дел од изложба во Лондонскиот музеј и таму ќе бидат до 4 септември.


Прототип на тенк

Меѓу неговите изуми, Леонардо нацртал и дизајн на возило за борба. Тоа било во облик кој наликувал на желка и на вселенски брод. Овој тенк никогаш не бил направен, но ја дал основата за денешните тенкови.


Металниот човек

Над 500 години пред измислувањето на вештачката интелигенција или компјутерите, Леонардо создал „робот-витез“ - хуманоиден робот кој можел да ги движи рацете, да седнува и дури и да ја отвора и затвора устата. Неговите дизајни подоцна биле конструирани и искористени за изработка на робот на НАСА.


Летање

Леонардо имал голема амбиција да лета. Тој посветил стотици страници во своите дневници на летањето и купувал птици на пазарот за да ги истражува нивните крилја. Тој го дизајнирал оритоптерот - машина инспирирана од лилјаците и птиците.


Автомобил

Автомобилите не возеле во негово време, но тој бил иновативен. Кога имал само 26 години, тој составил играчка за возење која можела да се програмира претходно и за која не бил потребен возач. Кога била изградена во 2004 година имало само една разлика со модерните автомобили: неговата се палела веднаш уште првиот пат.


Хеликоптер

Леонардо дизајнирал и нешто слично на денешните хеликоптери. Ова летало било направено од дрво, но се смета дека ја дава основата за хеликоптерите денес.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура