X
 02.08.2016 Забава

Одговорите на некои од најбизарните и најчудните пребарувања на Google

Пребарувањата на Google даваат одличен увид на најапсурдните и најљубопитните агли на човечкиот ум на 21-от век.

 

google


Веб страната „Digitaloft“ ги издвои најбизарните прашања поставени на овој веб пребарувач - поголемиот дел од нив се поврзани со науката и имаат соодветен одговор, меѓутоа постојат и такви на кои само вие можете да одговорите.

Дали сум трудна? (90.500 месечни пребарувања)
Како да стигнам до дома? (49.500 месечни пребарувања)
Дали вонземјаните се вистински? (49.500 месечни пребарувања)
Дали со прдењето се согоруваат калории? (49.500 месечни пребарувања)
Кога ќе умрам? (49.500 месечни пребарувања)
Зошто мажите имаат брадавици? (22.200 месечни пребарувања)
Дали пингвините имаат колена? (18.100 месечни пребарувања)
Зошто сме тука? (8.100 месечни пребарувања)
Дали свињите потат? (8.100 месечни пребарувања)
Дали мојот задник изгледа како да има 40 години? (8.100 месечни пребарувања)
Дали светот е рамен? (5.400 месечни пребарувања)
Дали сум психопат? (5.400 месечни пребарувања)
Зошто автомобилот не ми пали? (4.400 месечни пребарувања)
Дали мажите имаат менструален циклус? (3.600 месечни пребарувања)
Дали црвите имаат очи? (2.900 месечни пребарувања)
Дали маж може да забремени? (2.900 месечни пребарувања)
Што ќе се случи ако се напијам од сопствената крв? (880 месечни пребарувања)
Дали може да се омажам за мојот братучед? (880 месечни пребарувања)
Зошто ме мрази шефот? (170 месечни пребарувања).

Одговорот на првото прашање можете да го знаете само вие доколку купите тест за бременост или го посетите вашиот лекар.

„Дали вонземјаните се вистински?“ - Човекот испраќа сигнали во вселената повеќе од 80 години и досега немало никаков одговор. Но, тоа не значи дека не постои ништо. Неодамнешно истражување вели дека постојат околу 210 интелигентни цивилизации низ галактичката историја.

„Дали со прдењето се согоруваат калории?
“ - И покрај интернет легендата дека прдењето согорува 67 калории, не постои ниту едно научно истражување кое би ја потврдило оваа теорија.

„Зошто мажите имаат брадавици?“ - Едно од најголемите прашања. Всушност постои поврзаност со развојот на ембрионот. До четвртата недела од бременоста на жената, гените кои се наоѓаат во хромозомот Y се'уште не излегуваат, па машките и женските ембриони во оваа фаза во суштина се идентични. Како фундаменталната карактеристика на цицачите, примарното формирање на брадавиците започнува релативно рано во текот на развојот.

„Дали пингвините имаат колена?“ - Додека нивното одење не дава впечаток дека тие имаат флексибилна нога, пингвините имаат колена. Нивните нозе имаат четири коски: кратка бедрена коска, колено, тибија и фибула. Сепак голем дел од ногата е скриен од пердувите такашто изгледа како да се доста ниски и набиени.

„Дали свињите потат?“ - И покрај фразата „Се потам како свиња“, овие животни не потат, иако имаат потни жлезди.

„Дали светот е рамен?“ - Не.

„Дали сум психопат?“
- Постои едноставен тест кој можете да го направите за да откриете.

„Дали црвите имаат очи?“
- Иако постојат многу видови на црви, тие немаат очи. Но, имаат фоторецептори во форма на специјализирани нервни завршетоци со кои тие детектираат светлина.

„Дали маж може да забремени?“
- Сигурно дека не е невозможно. Постојат извештаи кои велат дека трансродовите луѓе и хермафродитите останале трудни.

„Кога ќе умрам?“
- Иако Google знае многу за вашиот секојдневен живот, се'уште не може да ја предвиди иднината. Сепак, одредени податоци можат да ви направат интерактивен инфографик кој би ви дал идеја кога би можеле да умрете врз основа на варијаблите како што се вашата раса, возраст и пол.

„Што ќе се случи ако пиете крв?“
- Извештајот од „Live Science“ вели дека неколку лажици крв нема да ви предизвикаат штета ако крвта е ослободена од патогени. Но, ако испиете премногу, таа може да биде токсична. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава