Загатката со јажето што гори е логичен проблем кој не бара многу математика, дури ни пенкало ни лист хартија за запишување. Забавна загатка која можете да ја испробате со вашето семејство и пријатели. Но, погрижете се прво сами да ја решите. Загатката е презентирана на каналот на „Јутјуб“ – „
Math Meeting“.
Имате две јажиња и запалка. Секое јаже ја има следната карактеристика: Ако го запалите едниот крај од јажето, ќе биде потребен еден час за да изгори до другиот крај. Не мора да значи дека горат со униформна стапка. Како да измерите период од 45 минути?
За да го дознаете одговорот, погледнете го видеото.