X
 04.08.2016 Технологија

Како Facebook и Twitter се борат против терористичките групи?

Со години, исламските терористички групи како ИСИС и нивните следбеници го користат интернетот и социјалните медиуми за да регрутираат и да шират пропаганда, но сега технолошките гиганти истражуваат нови начини како да го возвратат ударот.

 

тероризам


Компанијата Alphabet, која е дел од Google, започна да саработува со Facebооk и Twitter за да спонзорира три експерименти кои ќе користат видеа за да се спречи ширењето на терористичката пропаганда на нивните сајтови.

Целта на анти-терористичките реклами се муслиманските тинејџери и млади луѓе со различни видови на анти-радикални пораки за да видат што функционира најдобро кај овие незадоволни луѓе пред тие да се радикализираат.

Twitter потврдува дека проектите се во фаза на изработка од крајот на 2013 година.

„Соработуваме со организации како што се Лицата против насилниот екстремизам и Институтот за стратешки дијалог за да ги поттикнеме веродостојните невладини гласови против насилниот екстремизам“, изјави портпаролот на Twitter, Ну Векслер. „Исто така, присуствувавме на владиниот самит чиј домаќин беше Белата куќа, австралискиот правобранител, британската влада, францускиот премиер, Европската комисија и Обединетите нации.

Вестите доаѓаат непосредно по објавувањето на уште едно истражување за технолошките навики на терористите. Истражувањето, спонзорирано од компанијата за сајбер безбедност Flashpoint, покажа дека Twitter и Facebook затвориле многу про-терористички профили минатата година после нападите во Париз на 13 ноември.

Аналитичарот на оваа компанија, Алекс Касиер вели дека многу исламски екстремистички профили ја споделуваат пропагандата и работат на шифрирани мобилни информации, такашто технолошката заедница мора да преземи дополнителни чекори и да открие како терористите ги користат нивните услуги за да ги шират своите идеи и пораки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија