Фото: Getty Images
„Фејсбук“ направи нешто што досега никогаш не го направил - ја призна грешката. Социјалната мрежа објави дека официјално го прекинува експериментот во кој страницата „Хоум“ била поделена на „Њуз фид“ и „Експлор фид“.
Во претходните неколку месеци „Фејсбук“ експериментираше со поделбата на страницата „Хоум“ на „Њуз“ и „Експлор фид“, поточно страницата на која се гледаат постовите од пријателите, а на другата се наоѓаат постови од другите веб-страници. Експериментот бил спроведен во шест земји: Србија, Словачка, Боливија, Гватемала, Камбоџа и Шри Ланка.
„Луѓето не сакаат раздвоени фидови“, напиша раководителот на „Фејсбук њуз фид“, Адам Мосери. „Резултатите од анкетата покажаа дека корисниците не се задоволни со постовите што ги гледаат, а раздвоените фидови не им помогнаа повеќе да се поврзуваат со пријателите и семејството“, додаде тој и истакна дека повеќе не постои потреба тие да бидат разделени.
Медиумите и компаниите најмалку профитираа од овие промени откако „Фејсбук“ постојано ги менуваше алгоритмите по кои се прикажуваа постовите, но „Фејсбук“ на критиките одговори: „Ако оваа мрежа не ви е погодна за бизнис, едноставно одете си“.
Во меѓувреме, компанијата продолжила со експериментирање на „
Њуз фид“. Моментално се тестира опцијата посветена на локалните вести под името „Тудеј ин“, достапна само во шест града.