X
 10.04.2018 Технологија

Ако ја добиете оваа порака на „Фејсбук“, вашиот профил бил хакиран

„Фејсбук“ во понеделникот ги контактира сите корисници чии лични податоци биле злоупотребени од компанијата „Кембриџ аналитика“. Од социјалната мрежа изјавија дека секој засегнат корисник ќе добие детална порака за тоа што му се случило.

Голем дел од погодените корисници, околу 70 милиони, се граѓани на Америка. Покрај нив, „Кембриџ аналитика“ дошла до податоците на повеќе од милион Британци, повеќе од милион Филипинци и повеќе од милион Индонезијци и околу 310.000 Австралијци.

Исто така, „Фејсбук“ ги потсети сите корисници како можат најдобро да ги заштитат своите лични информации додека ја користат социјалната мрежа. Компанијата на врвот на „Њуз фид“ ќе покаже кои апликации ќе имаат пристап до нивните податоци и како овој пристап би можел да им биде ограничен.

фејсбук Фото: Alamy

Оваа одлука „Фејсбук“ ја донесе по скандалот во кој „Кембриџ аналитика“ во соработка со Александар Коган и апликацијата „thisisyourdigitallife“ дошле до личните податоци на најмалку 87 милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Стотици илјади корисници примиле пари за да го решат тестот, а Коган преку неа ги собрал податоците на сите што го решиле тестот. „Фејсбук“ за собирањето на податоците дознал во 2015 година, но не ги известил корисниците.

Марк Закерберг, извршниот директор на „Фејсбук“, денес треба да сведочи пред американскиот Конгрес.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија