Со секои поминати игри, се' повеќе и повеќе градови низ светот започнуваат да се прашуваат дали вреди да бидат домаќини на оваа манифестација.
Повеќето градови едноставно немаат соодветна инфраструктура која ќе го издржи приливот на спортисти, навивачи, тренери и членови на медиумите. Износот за изградба на спортските објекти е се' поголем, а академските истражувања велат дека трошењето милијарди за настан кој трае само две недели и не е баш мудра инвестиција.
Во најлош случај за градовите домаќини, олимписките спортски објекти стануваат неискористени после игрите и претставуваат залудно трошење на парите и просторот.
Се разбира, причините поради кои се случува ова се различни за секоја земја. Така на пример Сараево настрада од ужасната војна која предизвика олимписките стадиони да се урнат. Фотографиите во продолжение станаа симбол за недостатоците со кои се соочуваат домаќините на Олимписките игри.
Линк до галеријата.