Нашата биолошка возраст многу ретко одговара на тоа како ние навистина се чувствуваме. Постојат многу фактори поради кои изгледаме или постаро или помладо: стрес, финансиски статус, секојдневни рутини и како што посочува едно истражување, интелигенцијата. Идејата е дека високата интелигенција нè тера да се чувствуваме и да изгледаме помлади од нашата реална возраст. Но, како?
Важно е како се чувствувате
Истражувањето е прилично фасцинантно и почнало во 1957 година. Тогаш истражувачите го мереле коефициентот на интелигенцијата кај средношколците, а подоцна ги прашале за нивната „внатрешна возраст“, од 1992 до 1993 и во 2011, кога имале 71 година. Заклучокот бил дека луѓето со повисока интелигенција се чувствувале помлади од нивната реална возраст.
Но, како влијае внатрешната возраст врз изгледот? Размислете: ако се чувствувате постари, се чувствувате и помалку физички способни отколку што сте, поради што може да бидете депресивни и ранливи на болести. Колку помлади се чувствуваме, толку повеќе активности сакаме да извршуваме и сме повозбудени за животот.
Фото: Pixabay
Интелигентните луѓе се поотворени за искуства
На многу начини нашето чувство за возбуда за светот околу нас е она што прави да се чувствуваме младо без оглед на нашата возраст. Интелигентните луѓе имаат поголема веројатност да истражуваат нови земји и да пробаат нови работи затоа што се посвесни за можностите што ги чекаат. Патувањето ни помага да останеме активни и полни со енергија. Сите можеме да се согласиме дека доживувањето авантура звучи подобро отколку да останете дома во сабота навечер.
Градење здрави навики
На крајот на краиштата, она што го јадеме и како се грижиме за нашето тело е тоа што е најважно. А потребна е голема посветеност за да се придржуваме кон здравиот начин на живот.
Паметните луѓе знаат дека телото може да страда поради лош избор, што може да ги мотивира да се грижат за себе, додека личноста со пониска интелигенција тоа може да го знае само површински. Затоа, вреди да научите нешто повеќе за вашето тело и што му штети.
Интелигентните луѓе полесно се соочуваат со стрес
Стресот е најголемиот непријател во борбата за зачувување на младоста бидејќи го забрзува стареењето. Луѓето со повисоко ниво на интелигенција се способни да постават приоритети, а тоа им помага да се фокусираат на решавање на едно нешто наместо да се под стрес за сите работи наеднаш. Тие се подготвени за предизвиците што доаѓаат со возраста и не им пречат промените.
Извор:
Bright Side