Универзитетот „Гоце Делчев“ се приклучи во хуманитарните активности со цел помош на граѓаните кои се погодени од страшното невреме во Скопје и околината. Еден шлепер со околу 25 тони вода е испратен од страна на Универзитетот до граѓаните од овие места.
УГД воедно изразува сочувство до семејствата на загинатите и настраданите во ова страшно невреме и упатува апел до сите граѓани колку што можат да се вклучат во помошта на своите сограѓани за што е можно поскоро да се врати нормалното живеење во погодените подрачја.